ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Како да го заштитиме бебето од летните горештини?
    Како да го заштитиме бебето од летните горештини?

    Како да го заштитиме бебето од летните горештини?

    За време на високите летни температури потребно е бебето почесто да го доите  и нудите со  вода помеѓу оброците. Бебето треба да се облекува во лесна памучна облека од памук материјал во светли бои.

    Шетајте го бебето предпладне до 10 часот и попладне по 17 часот задолжително со светла и мека памучна капа.

    Бебиња до 12 месеци од животот не се изложуваат на директна сончева светлина, а малите деца постепено навикнувајте ги на сонцето со кратки интервали од 5-10 минути, а кожата на бебето секогаш претходно заштитете ја со крема за заштита од сонце со висок фактор на заштита од УВ зрачење.

    Препорачливо е, исто така,  бебето во текот на денот неколку пати да го освежувате  во млака вода, со мека фротирска крпа.

    Жешките летни денови поминувајте ги со бебето во проветрена просторија, дозволено е користење на клима-уредите кои ќе бидат поставени на три или четири степени помалку од температурата на надворешниот воздух и поставете ги на неутрален терен.