ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Како да им соопштите на вашите деца дека се разведувате во зависност од нивната возраст?
    Како да им соопштите на вашите деца дека се разведувате во зависност од неговата возраст

    Како да им соопштите на вашите деца дека се разведувате во зависност од нивната возраст?

    Разводот е премногу стресен процес и период за целата фамилија. Доколку сте донеле одлука која е непроменлива а сеуште не сте ги известиле вашите деца бидејќи немате идеја како да го направите тоа прочитајтете ја оваа статија подоле.
    Мора да бидете свесни дека колку и оваа вест да не е пријатна, сепак кога-тогаш ќе мора да им ја соопштите на своите деца. Со цел оваа одлука да биде полесно разбрана од страна на вашите деца, треба да им ја соопштите на многу разумен и прифатлив начин.

    Доколку е можно, најдобро е со партнерот да се договорите како оваа вест ќе им ја соопштите на вашето/шите дете или деца. Она што е најпотребно за почеток е да ја кажувате вистината што можете повеќе (зошто, како и каде) со цел што подобро да можат да разберат што се случува и што ќе се случи. Морате да одговорите на сите нивни прашања, па затоа сигурно ќе има некои за кои и треба да се подготвите. Такви прашање можат да бидат :
    Кај кого ќе останатам? Дали некогаш ќе се смирите? Зошто мама/тато треба да си оди?
    Ова е навистина стресен период за сите. Запомнете дека начинот на кој ќе ја совладаат ситуацијата ќе има траен ефект на вашите деца, затоа внимателно одберете ги зборовите и постапките. Доколку се случи овој разговор да продолжи со расправање и префрлување на кривицата, навистина ви е потребна стручна помош поради децата. Разводот не е рат во кој има победник. Ситуацијата е независна и треба да и се пријде со што помалку чувства.

    Реакцијата на децата ќе зависи од нивните години и темперамент, но бидете спремни за солзи, лутење но и тишина. Еве како треба да разговарате со детето/цата во зависност од нивната возраст.

    razvodnaroditeli, deca, roditeli, babyshop, babyshopblog, bebe

    Доколку имате бебе

    Во ситуација кога вашето дете е сеуште бебе, веројатно кога ќе порасне нема ни да се сеќава на вашиот развод. Предноста на овој развод додека имате бебе е што ќе имате време емоционално да го преболите истото пред да имате можност да зборувате за тоа со вашето дете. Време за разговор треба да одредите во зависност од зрелоста на детето.
    На пример, доколку се развдете а детето редовно се гледа со таткото ќе треба да ја дефинирате само ситуацијата (зошто не живеете заедно), тоа нема тешко да му падне, бидејќи и онака веќе е така навикнато, плус голема е веројатноста дека како ќе расте, ќе запознава свои врсници кои исто така живеат само со еден од родителите па затоа и нема да му биде толку не обично.

    Доколку сте разведени а детето не се гледа со еден од родителите, пробајте да му ја објасните причината за тоа, како на пример дека другиот родител сеуште не е спремен за тоа, но никако не му кажувајте на своето дете “Тато/мама не те сака и затоа не сака да те гледа од како не живееме заедно”. Оваа вест на вашето дете ни малку нема да му влијае добро, без обзир што навикнало на живот само со ва,с бидејќи ќе се чувствува исфрлено и како не сакана личност.

    razvodnaroditeli, deca, roditeli, babyshop, babyshopblog, bebe

    Ако имате дете од предшколска возраст

    Доколку имате дете од предшколска возраст, би требало да знаете дека неговата способност да разбира за што се работи се разликува од способноста која ја има тинејџер. Емоционалниот развој на дете од предшколска возраст сеуште го нема достигнато нивото да може на прав начин да ги разбира работите, што всушност се случило.

    Затоа, вистинската реакција кај деца на оваа возраст е збунетост. Но, и покрај збунетоста со тек на време овие деца почнуваат да создаваат теорија за тоа што и зошто се случува. Проблем е што на оваа возраст децата се многу егоцентрични, многу повеќе од било кој период од нивниот живот. Склони се кон тоа себеси да се окривуваат како главна причина за разводот на родителите.

    Би требало да знаете дека периодот на предшколската возраст кај децата на емотивно поле е многу захтевен и имаат големи стравови од напуштање. Во овој период на детето му е потребна голема стабилност од двајцата родители со цел развојот на детето да се одвива без компликации. Но, после разводот е скоро невозможно да ги исполните овие услови и да бидете спремни дека стресот кај детето ќе биде многу поголем. Затоа потрудете се доколку дојде до ваква ситуација, детето да поминува доста време и со родителот со кој не живее.

    razvodnaroditeli, deca, roditeli, babyshop, babyshopblog, bebe

    Ако имате дете во некое од првите оделенија на училиште

    Со децата на оваа возраст би требало да разговарате отворено и да им објасните дека мама и тато повеќе не се сложуваат како претходно и дека решиле да се раздвојат. Задолжително кажете им дека и понатаму го сакате вашето дете/деца, но некои работи ќе се променат.
    Некои деца на возраст од 6-8 години и понатаму фантазираат за помирување меѓу родителите. За разлика од претхдната возраст во оваа фаза децата ретко размислуваат дека тие се криви за вашата разделба. Во оваа фаза главните чувства се тага за родителот кој се сели од куќата. На децата на оваа возраст објаснете им дека и понатаму имаат двајца родители и дека ќе се гледаат со оној кој си заминал од куќата, без оглед на тоа што повеќе не живее таму.

    Доколку се разведувате во перод кога детето/децата се на возраст од 9-12 години, треба да знаете дека они многу подобро го разбираат разводот. Во оваа возраст свесно можат да ви покажат дека не се согласуваат со тоа што се случува и често го бираат едниот родител и држат на негова страна. Кај овие деца се јавува бес кој свесно го покажуваат.

    Покрај бесот на оваа возраст кај децата е присутен страв поради разводот на родителите. Поради тоа е неопходно да го уверите своето дете/деца дека не треба да му биде срам поради истото.

    ravzodnaroditeli, roditeli, deca, babyshop, babyshopblog

    Доколку вашето дете е тинејџер

    Во тинејџерските години кај децата постои способност детето да разбере и да го прифати она што се случува, но секако и тука постојат голем број на опасности. Ова е период во кој децата го градат својот идентитет, постои можност сликата за развод да ја вгради во својот индентитет. Тоа би значело дека вашето дете условно кажано “утре” ќе смета дека е сосема нормално или треба да му се случи истото. Тоа може истото да го очекува во својот живот.
    Адолеценцијата е период кога се гради сопствениот поглед према светот како и системот на вредности и ставови. Доколку се случи да се разведете а имате дете во адолесенција бидете спремни дека тоа ќе ги преиспитува вредностите на бракот и постои можност да изгради негативен став према нив. Често се случува во вакви случаи да се слушне од момче или девојка дека они никогаш нема да се венчаат.
    Во ваква ситуација морате да му објасните на своето дете дека сите бракови се различни и дека разводот не е вообичаена работа кај сите.
    Како често појава која се случува е детето од еднаш да сака да го прекине односот со еден од родителите или со двајцата и да изгради сопствен свет кој е спротивен на нивниот.
    Деидеализацја на родителите е нормлана во овој период, но доколку дојде од еднаш тогаш може да биде препрека за градење на сопствениот идентитет и причина за многу понатамошни кризи. За да не дојде до ваква ситуација, родителите мора постојано да бидат во контакт, без оглед на причините и меѓусебното несогласувањето кое го имале во бракот или евентуалната прилика за развод. Со децата треба да се разговара многу отворено.

    Неопходно е да разговарате колку и да е потребно и да ја објасните причината за развод. Доколку молчите и не објаснувате што се случува, кај детето ќе направите своја конструкција која во главно е погрешна.

    Доколку не сте во можност да разговарате со вашето дете-тинејџер, а при самиот разговор да не го осудувате поранешниот партнер, побарајте помош од психолог или психотерапевт, бидејќи една од најважните работу е максимално да го заштите детето. Редовниот контакт со двајцата родители и нормлана комуникација помеѓу родителите го намалува колечството на стрес кај детето.