ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Како да изнудите насмевка на лицето од своето бебе?
    Како да изнудите насмевка на лицето од своето бебе?

    Како да изнудите насмевка на лицето од своето бебе?

    Нема поубаво чувство од чувството кога детето за прв пат ќе се насмее.

    Кога децата се сеуште мали, односно новороденчиња, таа насмевка е рефлексна, но кога бебињата ќе пораснат и ќе станат свесни, тогаш настапуваат мама и тато како би изнудиле насмевка на лицето.

    Насмевката е научена реакција со која бебето ја покажува својата внатрешна состојба, а правата насмевка се раѓа помеѓу шесттата и дванаесеттата недела од животот на детето. Со помош на овие неколку совети можете да го “натерате” детето да се насмее:

    -играта која малите беиња најмногу ја сакаат е играта со криенка. Покријте го своето лице, а потоа брзо откријте го и гледајте ја реакцијата на бебето;

    -изразите кои ги правите за време на оваа игра го тераат бебето на смеење;

    -правете се како да ги јадете прстите на бебето на рацете и нозете а притоа зборувајте му;

    -секојдневно на бебето пуштајте му музика, а можете да се потрудите и да му запеете и заиграте.

    Вашето дете ќе биде среќно, задоволно и нормално, насмеано.