
Како да ја измерите телесната температура на бебето
Телесната темература на бебето треба да биде околу 37 Целзиусови степени. Во текот на денот ќе варира и ќе биде пониска наутро отколку навечер.
Најлесниот и најточниот начин да се измери телесната температура е со дигитален термометар во ректумот на бебето. Може да се користи и традиционален стаклен термометар, но тој лесно се крши и може да го повреди бебето.
Внимавајте : Бебињата немаат доволно трпение и моторика за орално мерење на температурата.
1. Подгответе го термометарот. Исплакнете го со топла вода и исушете го. Ставете малку вазелин или друг лубрикант на врвот.
2. Подгответе го бебето. Легнете го на грб на рамна подлога и отстранете ги облеката и пелената. Друга можност е да го легнете бебето на стомак во скутот.
3. Ставете го термометарот. Раширете го задникот на бебето и вметнете не повеќе од 2,5 см од термометарот.
4. Држете го термометарот таму 2 минути. Непријатноста на бебето ќе биде помала ако го држите задникот споен. Повеќето дигитални термометри со звучен сигнал ќе ви укажат кога завршило мерењето.
5. Извадете го термометарот. Покријте го задникот на бебето со крпа или со пелена.
6. Видете ја температурата. Ако е повисока од 38 Целзиусови степени, веднаш контактирајте со лекар.
Внимавајте : Ректалниот термометар знае да ги стимулира цревата кај бебето. Постелете крпа под бебето пред да ја мерите температурата.
Совет : Можете да ја измерите температурата и кај пазувите. Бидете свесни дека овде температурата ќе биде малку пониска од ректалната. Затоа, споредувајте ги само резултатите од исто место.