ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Како да ја лечите настинката во бременост
    Како да ја лечите настинката во бременост

    Како да ја лечите настинката во бременост

    Дали настинката во бременост е почеста од вообичаено?

    Не земајте лекови самостојно

    Да, точно е дека бремените жени се повеќе склони кон настинки отколку жените кои не се во друга состојба. До ова доаѓа поради тоа што имунолошкиот систем е послаб за време на бременоста, бидејќи телото ги намалува одбранбените механизми за да не го отфрли фетусот. За жал, поради тоа, бремените жени се повеќе подложни на болести отколку што инаку би биле, па затоа треба да бидат повнимателни.

    Кога е време да се посети лекар?

    Ако имате обична настинка, проследена со кашлица и растечен нос, не треба да бидете многу загрижени. По неколку дена одмор и земање чаеви,настинката веројатно ќе исчезне. Меѓутоа, ако тоа е вироза која е проследена со болка во мускулите, главоболка и висока температура, задолжително контактирајте го вашиот лекар.

    Обидете се да ја намалите температурата на природен начин, избегнувајќи го земањето на лекови самостојно. По испитувањето, , во зависност од месецот во кој се наоѓате лекарот ќе ви даде одредена терапија.

    Кои лекови можам да ги користам против настинки?

    Не земајте лекови без претходна консултација со вашиот лекар или гинеколог. Повеќето антихистаминици, деконгестанти и лекови за кашлица не треба да се користат во бременоста, освен ако вашиот лекар не ги препише. Најчесто бремени жени смеат да користат лекови за помалку болка или главоболка. Сепак, не земајте ништо ако вашиот лекар не ви одобри. Како природен антибиотик и антивирктит, можете да Ви послужи изрендан лук додаден во кисело млеко и јогурт.

    Може ли да користам капки за нос ?

    Повеќето луѓе купуваат капки за нос и таблети на своја рака, без совет од докторот кога нивниот нос е растечен или чувствуваат гребење во грлото. Сепак, иако тие не изгледаат опасно, имајте на ум дека повеќето од овие производи содржат хемикалии. Затоа, не земајте ги овие лекови за време на бременоста. Наместо таблета , можете да го испирате грлото со чај од жалфија неколку пати на ден, а од за капки за нос, користете ги оние со морска вода.

    Што треба да направам ако добијам температура?

    Во случај на покачена температура, треба да се јавите кај докторот, бидејќи температурата, особено кога е повисока од 39 степени, може да го наруши снабдувањето со крв на бебето, како и во напредната бременост и да предизвика почеток на болки. За да ја спуштите температурата, туширајте со млака вода, потоа внимавајте да облечете памучна облека.

     

    Ставајте алкохолни облоги (две третини од алкохолот и една третина од млака вода) во областа на белите дробови и нозете. Внимавајте да пиете многу вода и чај, а млака пилешка супа ќе ви годи.

    Може ли воопшто да се спречи настинката?

    Најдобро ќе си заштитите од студ ако здраво и разновидно се храните. Особено е важно да се јаде храна богата со витамини и минерали. Можете исто така да го консултирате вашиот гинеколог за земање на пренатални витамини како додаток во исхраната. Исто така, почесто мијте ги рацете, и ако пушите, обидете се да престанете со оваа лоша навика.

    Што можам да направам за да побрзо оздравам?

    Ако случајно сте настинати додека сте во блажена состојба, тука се и неколку совети кои ќе ви помогнат да закрепнете побрзо:

    • одмарајте повеќе

    • пијте многу вода

    • употребувајте спрејови засновани на морска вода и инхалирајте се

    • да јадете многу овошја и зеленчук

    • пијте топли чаеви со мед и лимон за да го олесните воспалението на грлото

    • Бидете сигурни да му кажете на вашиот лекар ако симптомите траат подолго од една недела и ако се тешки.