• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Како да ја негувате кожата на вашето бебе во ладните денови?
Како да ја негувате кожата на вашето бебе во ладните денови?

Како да ја негувате кожата на вашето бебе во ладните денови?

Во ладните денови сите ние имаме навика да се капеме со потопла вода отколку во текот на летните месеци. Нормално, кога е во прашање капењето на децата тие наши навики се уште повеќе изразени и дополнително се води грижа на детето да му биде топло и пријатно. Иако капењето со топла вода има свои предности, понекогаш може да има и некои лоши последици.

Тука пред се мислиме на вашата кожа и кожата на вашето бебе. Имено, капењето и туширањето со премногу топла, па дури и врела вода го елиминира природниот заштитен слој на нашата кожа, а кога на тоа ќе ја додадеме и употребата на препарати за капење и туширање, одмастувањето на кожата и нарушувањето на заштитниот слој е уште поизразено.

Греењето во домот уште повеќе ја суши кожата

Сувиот воздух во грејните простории може да ја исуши бебешката кожа, па дури и да предизвика нејзино лупење. Немојте да претерувате со греењето во домот. Температурата треба да биде пријатна, помеѓу 20 и 23 степени Целзиусови.

Неутрални купки и кремови

Бебињата капете ги со неутрални купки. Во текот на капењето можете да додадете една или две капки бадемово или бебе масло.

Бебешката кожа мачкајте ја исклучиво со креми кои се наменети за нежна бебешка кожа.