• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Како да ја негувате осетливата кожа на бебињата?
Како да ја негувате осетливата кожа на бебињата?

Како да ја негувате осетливата кожа на бебињата?

Како да ја негувате осетливата кожа на бебињата?
Што помалку тоа подобро

До скоро, сите родители користеле различни препарати за нега на бебе со што би постигнале чисто и миризливо бебе. Меѓутоа, докажано е дека голема количина на различни средства за хигиена можат да ја оштетат бебешката не-зрела и осетлива кожа, но и исто така можат да предизвикаат екземи, астма и други алергијски болести.
Детската козметика често содржи бројни хемијски супстанци кои можат да бидат потенцијално штетни. Треба да се има на ум дека бебешката кожа многу е тенка и двојно пропустлива за вода и хемијски супстанци кои се нанесуваат на кожата.
Освен тоа реалативната површина на кожата кај новороденчиња е за 5-7 пати поголема отколку кај возрасни луѓе, па потенцијално штетни супстанци имаат значајно поголемо влијание на организмот. Затоа се препорачува употреба само на вода кога се работи за хигиена на телото на новороденчето, а ако се користи козметика таа треба да биде без потенцијално штетни супстанци како што се конзерванци, вештачки бои и мириси.
Кај предвремено родените деца многу е важно да не се користат хемиски средства за нега, барем до терминот кога е планирано раѓањето.