ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Како да ја препознаете и излечите егземата?
    Како да ја препознаете и излечите егземата?

    Како да ја препознаете и излечите егземата?

    Детската егзема побарува посебна нега на кожата, но и голема внимателност од страна на родителите за компетитивноста на здравјето на децата кои го имаат овој здравствен проблем. Први симптоми на егзема можат брзо да се појават по раѓањето, во периодот на доење, а кај поголемиот број деца се појавува и за време на адолесценција.

    Егземот или атопски дерматитис е хронично заболување кое најчесто се јавува кај бебиња и деца до адолесценција.

    Воглавно е наследен, што значи дека и некој друг во семејството има атопија-наследна предиспозиција на имунолошкиот систем да развие хиперосетлива реакција. Болеста може да се појави или на кожата, плуќата или и на двете места. Станува збор за ситуација каде бебето или малите деца имаат опструктивен бронхитис, па тешко дишат, а понатаму имаат астма…тоа е исто атопија, само што се манифестира на плуќата. Она што ние го гледаме кај децата на кожата, е болест која почнува да се појавуав во првите два-ти месеци од животот.

    Егземата најчесто почнува со промени на кожата, која се појавува нa скалпот, потоа на лицето, а во потешки облици на телото и тоа на голема површина. Најчесто се кажува дека дерматозата е пратена со чешање, но денес во светот неретко се потенцира дека чешањето е поради промената на кожата. Прво се појавува чешање, па потоа настануваат промените. Тие се гледаат како црвенило или “прашасти” делови на кожата, што е слично на перутење, при што често лета насекаде. Така изгледа клиничка слика на егзема.

    Децата се мали, неконтролирано се чешаат, па поради тоа предизвикуваат повреди кои можат да предизвикаат инфекција. Промената на кожата може да се инфицира и да се развијат одредени бактерии, па тогаш се соочувам и со инфекција. Клучната точка е во тоа што кај децата со егзема доаѓа до наследна промена на функцијата на кожата. Последниот, рожести слој на кожата се состои од 15 до 20 ќелии на епидерма и липидна матрица-кој претставува “малтер” и ја држи целата конструкција на тој слој. Значаен е бидејќи содржи есенцијална масна киселина, која е многу важна за заштитата на кожата.

    За родителите чии деца имаат егзема , важно е не само да научат како да ги лечат-тоа ќе го направи дерматологот, туку и правилно да ја негуваат кожата на детето.