• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Како да ја зачувате хидратантноста и еластичноста на кожата во бременоста
Како да ја зачувате хидратантноста и еластичноста на кожата во бременоста

Како да ја зачувате хидратантноста и еластичноста на кожата во бременоста

Во пределот на стомакот, колковите, но и задникот, бутовите и натколениците, во текот на бременоста може да се појават стрии. На пазарот постојат различни производи кои се наменети за превенција на стрии, но треба да се има предвид дека не се сите производи еднакво ефикасни.

Во текот на бременоста, хормонскиот статус и континуираното и прогресивно растегање на кожата, заедно со зголемување на обемот и тежината, можат да доведат до појава на стрии. Меѓутоа, правилна нега може да го спречи, но и да го ублажи нивното појавување (кај жените со генетски предиспозиции – наследен фактор за појава на стрии).

На пазарот постојат различни козметички производи кои се наменети за превенција на стрии, но не се сите еднакво ефикасни.

За што да водите сметка при изборот?

При изборот на производот треба да имате во предвид дека адекватен козметички производ за превенција на стрии треба да ја зголеми влажноста на површинскиот слој на кожата, но и да има влијание на нејзината еластичност.

До зголемување на влажноста на површинскиот слој на кожата во овие производи главно доведуваат состојките: бадемово масло, маслиново масло, сончогледово масло, масло од сусам, масло од макадам, масло од авокадо и сл.).

Повеќето производи за превенција на стрии содржат токоферол (витамин Е) и деривати на токоферол, кои покрај антиоксидативниот, можат да имаат и навлажнувачки ефект. Зголемена содржина на влага во површинскиот слој на кожата истовремено доведува и до зголемување на нејзината еластичност, па наведените состојки ќе имаат влијание и на еластичноста на кожата.