Како да најдете време за себе со мало дете
По долгите девет месеци чекање, Вашето семејство се зголеми за уште еден член. Иако постојано Ви велеа дека се ќе се промени кога детето ќе пристигне, ќе станете свесни за тоа кога Вашето семејство ќе се зголеми за уште еден член. Одеднаш во вообичаените моменти од животот ќе почнете да се сретнувате со нови ситуации. Вашиот ритам е целосно адаптиран на Вашето дете и најверојатно се прашувате како да најдете време за себе и партнерот, кое дотогаш сте го имале во изобилство.
Се прашувате како да создадете време за себе? Иако во почетокот не Ви е лесно, решението е навистина едноставно – одвоите го времето за детето од времето кое ќе го поминувате сами или со својот партнер.
Ако ги прашате децата како сакаат да го поминат времето со своите родители, одговорот ќе биде едногласен, во игра или во галење, без разлика дали се мали или големи. Дури и најмалите деца сакаат да го поминуваат времето во игра. При изборот на играчките, разгледајте ги можностите на играчките. Многу играчки уште од најмалата возраст го потикнуваат развојот на моториката кај детето. Широка понуда на играчки може да погледнете на нашата страна https://www.babyshop.mk/mk/igracki.
Друг критериум што дефинитивно треба да го разгледате кога избирате играчки за деца е нивниот материјал. Проверете ја декларацијата и бидете сигурни дека никако нема да му наштетат на вашето дете. Откако децата ќе поминат квалитетно време со своите родители, ќе биде полесно да се раздвојат од Вас и да заспијат. Колку и да се мали, тие ќе чувствуваат задоволство поради времето што сте им го посветиле. Сепак пред да одат во кревет, додека ги облекувате посветете им се со дружење и бакнување, што ќе ги смири за полесно да заспијат.
Потоа имате време за Вас, кое ќе го поминете сами или во друштво. Колку и да сакате да бидете со Вашето дете, подеднакво е важно да се посветите и на другите животни ситуации.