Како да пренамените денски спанко во ноќен
Бидејќи бебето нема вграден сензор кој ќе разликува ден од ноќ, може да се случи Вашето бебе повеќе да спие дење отколку ноќе. Но со следниве правила и со малку истрајност, секое бебе може да се прилагоди од денски во ноќен спијач.
Воспоставете јасно разграничени дневни и ноќни расположенија. Дење, растргенете ги завесите, засилете го осветлувањето, создаете активност со музика и раздвиженост. Ноќе пак, притворете ги завесите, користете придушено осветлување, трудете се домот да биде мирок и тивок. На овој начин, бебето ќе почне да преферира да биде будно дење и автоматски ќе ги приспособи своите системски поставки.
Ако морате да ги смените пелените или облеката на бебето во текот на ноќта, правете го тоа бргу и тивко. Зборувајте му колку што е можно помалку.
Ако бебето спие долго во текот на попладнето или приквечер, мануелно изменете го распоредот. Разбудете го за подој, анимирајте го и држете го будно. Со тоа подолгиот период на спиење природно ќе се помести за некој час и ќе почне да се одвива ноќе