Како да препознаете домашни јагоди?
Како да препознаете домашни јагоди?
Иако се многу вкусни и здрави, со јагодите треба да се биде внимателен, посебно доколку ги јадат деца. За нив, најдобро е да одберете домашни јагоди, а еве како да ги препознаете.
Мај е дефинитвно месец кога јагодите “владеат” по маркетите и пазарите. Меѓутоа кога ќе ги купиме приметуваме дека немаат ни вкус ни мирис, поради што , веднаш ни доаѓа
мислам “од каде се пристигнати тука”?.
Најчесто доаѓаат од Шпанија, Грција Турција. Јагодите од извоз стигаат малку порано од домашните, а претпродавачите најчесто ги препакуваат и продаваат лажно, тврдејќи дека се одгледани во Македонија.
Како да ги препознаете увозните јагоди?
За да не живеете во заблуда, домашните јагоди се третирани со пестициди со што би се заштитиле од штетници што подолго време и секако да останат свежи, но сепак, од увозните јагоди најмногу се разликуваат по мирисот и вкусот. Домашните јагоди имаат интензивен, препознатлив мирис и се слатки и сочни. Исто така немаат ист вкус на сите страни бидејќи сончевите зраци не се рамномерни во текот на растењето.
Исто така домашните јагоди можеме да ги препознаеме по обликот. Ретко кога сите јагоди се со иста големина и боја. Брзо пропаѓаат бидејќи бидејќи се третирани со многу помалку пестициди за разлика од увозните.
За јагодите важи дека се многу подобри кога се свежи, бидејќи витамин Ц и антиоксиданти со кои изобилува со текот на времето се намалува. Па затоа запомните, најздравата јагода е онаа која е свежо набрана.
На малите деца треба внимателно да им се дава јагодата бидејќи секогаш постои можност да се појави несакана реакција или алергија, која најчесто не е предизвикана од самото овошје туку од пестиците и средствата со кои се прскани. Затоа е најдобро пред конзумација добро да се измијат.