
Како да препознаете сериозна болест кај бебе
Секој родител на бебе треба да знае да ги препознае симптомите на менингитис, пневмонија, конвулзии и респираторен цинцијален вирус (РСВ). Ако некои од овие симптоми се јават кај вашето бебе следете ги упатствата подолу и веднаш обратете се на доктор.
Совет – Верувајте им на инстинктите. Ако чувствувате дека нешто навистина не е во ред со бебето, без двоумење јавете се на доктор.
Менингитис
Менингитисот е вирусна или бактериска инфекција на лептоменингиите – ткиво што го обвиткува големиот и ‘рбетниот мозок. Оваа болест може да предизвика долгорочни последици по здравјето и да го попречи невролошкиот развој. За среќа, многу од различните форми на болеста можат да се третираат, а некои и целосно лечат.
Симптоми на менингитисот се треска, раздразливост, летаргичност, повраќање, конвулзиии /или испапчени фонтанели(што е резултат на зголемениот кранијален притисок). Ако се сомневате дека бебето има менингитис, веднаш јавете се на педијатарот или отидете во болница.
Пневмонија
Пневмонија е вирусна или бактериска инфекција на белите дробови. Таа ги зафаќа алвеолите- воздушни кеси во белите дробови. Настинката може да се развие во пневмонија. Повеќето подвидови на оваа болест целосно се лечат.
Меѓу симптомите на пневмонија спаѓаат кашлање, треска, забрзано дишење (повеќе од три-четириесет вдишувања во минута) и повлекување на кожата меѓу ребрата (ќе ви изгледа како да пропаднала). Ако се сомневате дека бебето има пневмонија, веднаш обратете се на доктор.
Конвулзивни напади
Конвулзијата е резултат на абнормална електрична активност во мозокот што повлекува невромускулна активност во телото. Нападите можат да бидат предизвикани од најразлични чинители, меѓу кои спаѓаат менингитис, метаболички дисбаланс, повреди на главата, вродени абнормалности или треска. Сепак најголем број напади се идиопатски, што значи дека нема конкретни причинители.
Ако има напад, рацете и нозете на бебето неконтролирано ќе се тресат извесно време – меѓу 30 секунди и 10 минути. Во текот на нападот или по него, бебето може да поврати, да нема контрола врз цревата или мочниот апарат или да биде поспано.
При напад, држете го бебето на страна. Ако дојде до повраќање, со ова ќе спречите давење. Не ставајте ништо во устата на бебето – дишните патишта мора да бидат проодни.
Внимание – Ако нападот трае повеќе од две минути – или ви се чини дека притоа ги затвора дишните патишта – веднаш повикајте брза помош.