Како да препознаете жолтица кај бебето
Жолтицата често се појавува кај само што родени бебиња, а почесто се јавува кај деца кои се дојат, но исто така трае подолго отколку кај деца кои се хранат со адаптирана формула. Високото ниво на билирубин кај бебето доведува до појава на жолтица, бидејќи бебето се раѓа со вишок црвени крвни зрнца кои се разгардуваат по раѓањето.
Билирубинот го создава црниот дроб за време на разградувањето, бидејќи самиот не е доволно развиен. Така жолтиот пигмент се појавува кај бебето, а може да се види од жолтата боја на белката во очите и кожата која е жолта. Блага форма на жолтица се појавува кај речиси сите бебиња во првите недели.
Точната причина за жолтица е непозната, но се сомнева дека може да се должи поради состојките на мајчиното млеко што ја потикнува цревната апсорпција на билирубинот што се враќа во крвотокот. Кај доенчиња, жолтицата може да потрае малку подолго.
Повеќето од децата со жолтица се подложени на фототерапија, и тогаш детето не се дои поради терапијата која се изведува во неколку интервали, во зависност од времетраењето на жолтицата.
Доколку нивото на билирубин е помало од 20 mg / dl, детето обично не е подложено на терапија, но се следи од лекар додека не се развие црниот дроб и не ја победи жолтицата. Кај потешки случаеви, на мајките им се советува за време на доењето да му се даде на детето вода со шеќер или да престанат да дојат подолг временски период и да му дадат на детето адаптирано млеко. Исто така, постојат и најтешки случаи, кои се многу ретки, каде фототерапијата не функционира, и се менува крвта на детето.
Бебињата со жолтица обично се многу смирени, многу поспани и затоа треба редовно да ги будите за доење, така што детето нема да изгуби на тежина и да стане уште послабо. Ако вашето дете многу тешко се буди, тоа значи дека во тој момент е во фаза на најдлабок сон, па обидете се повторно подоцна кога започнува фазата на полесен сон.