Како да пресметате колку долго сте бремени
Порано трудниците староста на бременоста ја пресметуваа по месеци. На прашањето за староста на бременоста, можевте да чуете одговор: “Полни четири и влегов во петти месец” или “Во осми сум месец”.
Меѓутоа сега докторите, па обични и ние самите, ја пресметуваме бременоста по недели. Неделите се пресметуваат многу лесно.
Првиот ден од вашата последна менструација е воедно и првиот ден од бременоста. Звучи нелогично, но така се пресметува исправно. Фактички, првата недела од бременоста е неделата во која сте имале менструација, потоа другата недела од бременоста е пред овулација, а дури во третата недела од бременоста се случува оплодувањето.
Бременоста трае полни 40 недели или 280 дена
Пример:
Последната менструација била во среда, 4 Септември. Значи дека тогаш почнала бременоста. Наредната среда, 11 Септември влегувате во втората недела од бременоста и така до крајот на бременоста. Доколку не се породите порано, на 4 Јуни ќе влезете во 40 недела од бременоста, а на 11 Јуни е предвидениот термин за породување. Бременоста трае 9 месеци + 7 дена од кога последен пат сте добиле менструација.
Наједноставниот начин за пресметување во кој месец од бременоста се наоѓате е да ја следите според неделите:
1-4 недела = 1 месец
5-8 недела = 2 месец
9-13 недела = 3 месец
14-17 недела = 4 месец
18-22 недела = 5 месец
23-27 недела = 6 месец
28-31 недела = 7 месец
32-35 недела = 8 месец
36-40 недела = 9 месец
Она што е важно да имате на ум е дека пресметката на староста на бременоста према менструацијата може да се разлукива во однос на староста на бременоста према наодите од ултразвукот.
Со оглед на тоа дека е можно ваквите методи да подразбираат дека овулацијата се случила на 14 ден од циклусот, што често не е случај.
Исто така, без оглед на денот на циклусот и денот на зачнувањето, само 2% од трудниците се породуваат на точно предвидениот датум. Обично тоа е неколку денови порано или подоцна.