Како да се борите со опаѓањето на косата после бременоста
Меѓу бројните физички промени кои се случуваат во текот на деветте месеци од бременоста спаѓа и влошувањето на квалитетот на косата.
Во текот на бременоста ќе сјаете – вашата коса ќе биде прекрасна затоа што и годи зголеменото ниво на естроген.
Меѓутоа, кога ќе се породите, доаѓа до пад на естрогенот и зголемување на нивото на стрес хормонот – кортизол, што на вашата коса никако не и помага.
Првите промени на влакната можете да ги очекувате на девет недели после породувањето, а сметајте дека вашата коса ќе опадне за 30% повеќе од вообичаеното.
Како да ја ублажите таа непријатност?
Користете послаби шампони, оние кои се за секој ден, а косата перете ја што почесто – два до три пати неделно. Фризерите велат дека масажата на кожата на главата при перењето го намалува стресот и ви помага да се опуштите, и вие и вашата коса.
Може да ви помогне и третман со тромбоцити плазма (PRP), кој инаку се користи за пациенти кои имаат алопеција. Стручните лица предлагаат два третмани во тек на три месеци.
Проверете и дали можеби имате помалку железо во крвта, што е чест проблем кај трудниците и родилките, а што може да влијае и на квалитетот на косата. Освен со суплименти, железото можете да го надоместите и со исхрана: конзумирајте повеќе месо, риба, цвекло…
И потстрижувањето може да помогне – од ножиците косата нема да ви расте побрзо, но добар фризер ќе знае како да ве потстрижи за косата да ви делува погусто.
Во секој случај – не очајувајте. Состојбата во која се наоѓате не е трајна, заедно со вашето бебе ќе порасне и вашата коса, онаа новата, посилна и поздрава.