Како да се храните при доењето
Содржината на мајчиното млеко варира во зависност од тоа каква храна внесува мајката. За да овозможите здрава исхрана за вашето бебе – и негови оптимални перформанси-следете ги овие упатства.
Внесувајте доволно калории. На мајките им се советува да го зголемат дневниот внес за 300 до 500 калории. Посоветувајте се со Вашиот лекар дали тоа е потребно кај вас и Вашето бебе.
Имајте балансирана исхрана. Меѓу другото, тоа значи внесување на неколку порции интегрални житарки, овошје, зеленчук и млечни производи дневно, како и доволно протеини, калциум и железо.
Избегнувајте цигари, коефеин и алкохол. Истражувањата покажале дека пушењето цигари за време на доењето е во директна корелација со синдромот на ненадејна смрт кај бебињата. Кофеинот е дозволен во одредени количества, но планирајте – пијте кафе исклучиво по подојот, за телото да стигне да го исфрли кофеинот пред следното доење. Слично треба да го планирате и внесувањето на алкохол, при што се препорачува да избегнувате пиво, вино и коктели.
Некои мајки ќе треба да бидат умерени со зачинета храна. Млекото во кое е навлезен вкусот на кари, ѓумбир или лук ќе им пречи на некои бебиња, додека други воопшто нема да забележат. Внимавајте кога ги внесувате овие продукти и забележете ја реакцијата на Вашето бебе.
Избегнувајте храна што создава гасови ако имате бебе кое страда од грчеви.
Конслутирајте се со вашиот лекар околу лекарствата што ги пиете, како и разните витамини и додатоци во исхраната. Многу мајки продолжуваат да ги земаат преднаталните витамини и во текот на доењето. Прашајте го Вашиот лекар пред да почнете да земате какви и да е додатоци или лекарства.
Пијте барем 2 литри вода на ден.
Избегнувајте диети.
Внимавајте на симптоми на алергија. Ако бебето покаже симптоми како што се гасови, пролив, исип или некоја општа вознемиреност,можно е да има алергија на млешни производи. Исфрлете ги млешните производи од вашата исхрана две недели и видете дали состојбата на бебето ќе се подобри. Ако се случи тоа, соопштете и го Вашиотнаод на лекарот.