ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Како да се изборите со трудничка несоница?
    Како да се изборите со трудничка несоница

    Како да се изборите со трудничка несоница?

    Ако вас ве мачи трудничка несоница, верувајте не сте единствени. Секако, ова за вас не е голема утеха, посебно што во овој момент она што најмногу треба да го правите е да се одмарате и спиете што е можно повеќе, а вие во ноќта броите овци. Без разлика дали се работи за тоа што ви смета трудничкиот стомак, вашето бебе баш во тој момент танцува, ве боли грбот,хормоните работат, ве мачи вртоглавица или нешто трето. Постојат мали трикови кои можат да ви помогнат за полесно да потонете во сон, да ја поминете ноќта мирно со помалку будења. Пробајте некои од нашите предлози.
    1. Вечерата јадете ја колку можете поспоро и ако можете не јадете пред спиење. Тоа ќе ја намали можноста од надуеност.
    2. Избегнувајте кофеин, чаеви кои содржат високо ниво на кофеин – посебно во попладневните и вечерните часови. Подобро испијте една часа млеко, вода, свеж цеден сок. Немојте да пиете непосрено пред спиење за да ги намалите ноќните одења во тоалет.
    3. Ако немате ризична бременост, правете вежби за трудници, пешачете. Пешачењето правете го во утринските часови не пред спиење.

    trudnazena, nesonica, zena, majka, trudnica, bebe, babyshop, бебе, мајка, родител, жена, труднажена, несоница
    4. Пробајте секоја вечер и утро во иста време да легнувате и да се будите. Пред спиење читајте книга, слушајте музика која ве смирува.
    5. Пред спиење истуширајте се со топла вода и лаванда, испијте млак чај или топло млеко.
    6. Направете си удобна атмосфера. Ако во собата во која седите е многу топло, ладно или загушливо, секако дека условите за да заспиете побрзо ги намалувате. Наместете перница во позиција во која вие се чувствувате најкомотно и најудобно.
    7. Немојте да размислувате и да го чекате сонот. Ако не заспиете цврсто за 20-30 минути, пробајте да читате, да ја гледате вашата омилена серија на телевизија или некоја друга активност која ве опушта.
    8. Пробајте емоционално да се опуштите и смирите-хормоните, но и секојдневните грижи можат да предизвикаат прав емоционален вулкан. Пробајте да не размислувате за проблемите и заборавете на грижите, мислите насочете ги на убави моменти кои поминале или кои треба да ги дочекате..
    9. Вежбајте дишење и опуштете се. Кога ќе легнете во кревет, наместете се и пробајте физички да се опуштите. Свесно опуштајте ги сите делови од телото поединечно се додека не се опуштите целосно. Успорете го дишењето и сконцентрирајте се на него и на слатките удари на вашето бебе кое среќно танцува.