ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Како да се излечи воспалението на дојките?
    Како да се излечи воспалението на дојките?

    Како да се излечи воспалението на дојките?

    Маститис или воспаление на дојките најчесто се јавува во првите шест месеци на доењето. Ако се искомпликува може да дојде до сериозни здравствени проблеми. Ве советуваме како да го спречите тоа и да го лечите на природен начин.

    Воспаление на дојките и нивно лечење

    Секоја жена може да се разболи од маститис, но кај младите мајки кои дојат оваа појава е многу честа. Кога ќе се јави маститис многу жени се чуствуваат заморени и “прегазени” и одлучуваат да престанат да дојат иако тоа е погрешно. Доењето помага инфекцијата да помине побрзо, а не е штетно за вашето бебе.

    Воспаление на дојките се јавува кога одредени бактерии ќе навлезат во дојките преку брадавиците, обично кога доилката има напукната или болна брадавица. До маститис може да дојде и ако дојките не ги растеретувате односно не се измолзувате и не доите често. Важна е и хигиената, чистењето на брадавиците пред и после доењето.

    Симптоми

    Почнува со болки во едната дојка, на еден дел, кој обично е црвен и топол на допир. Маститисот е обично пропратен со грозница и болки во телото. Секако, лимфните чворови под пазувите покрај заразените дојки се зголемени, а и срцето може побрзо да чука. Овие симптоми не смеете да ги игнорирате. Важно е да реагирате веднаш кога ќе ги забележите.

    Веќе за 3-4 дена состојбата може сериозно да се влоши. Пробајте со природни лекови, но секако морате да се консултирате со лекар.

    Лечење

    Докторот ќе ви препише антибиотици и морате да ги пиете точно како што ви е препишано, без разлика дали се чувствувате подобро. Докторите обично дозволуваат и земање на бруфен.

    Одмарајте што повеќе, пијте течности, а на градите ставајте топли и ладни облоги. Пред доење ставете топла водена газа преку оболената дојка и оставете ја 15 минути. Повторувајте го тоа три пати на ден. На овој начин ќе го подобрите протокот на млеко и секако ќе го забрзате опоравувањето. И масирањето на дојките може да биде од помош. Само бидете нежни и упорни. Без оглед на болките најдобро е да продолжите да доите и да го испумпувате вишокот на млекото. Ако ја игнорирате болеста може да дојде до апцес на дојка, насобирање на гној во дојката, кој многу потешко се лечи.

    Природни лекови

    Бидете упорни, измолзувајте го млекото секои два часа. Масирајте ги дојките за да го подобрите протокот. Топлите облоги пред измолзувањето може да бидат од помош. Не носете тесни градници или облека. Најдобро е во овој период да сте без градник. На некои жени им помага да користат пумпа додека се тушираат со топла вода.

    Пијте многу течности и внесувајте малку повеќе витамин С отколку обично. Во овој период топло се препорачува и земање на свеж лук, 3-5 мали парчиња на ден.