ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  КАКО ДА СЕ КАПЕ БЕБЕТО ЧЕКОР ПО ЧЕКОР
    КАКО ДА СЕ КАПЕ БЕБЕТО ЧЕКОР ПО ЧЕКОР

    КАКО ДА СЕ КАПЕ БЕБЕТО ЧЕКОР ПО ЧЕКОР

    Во нашите краеви обичај е бебето да се капе одма по доаѓањето од болница, а препораките од здравствената организација од целиот свет препорачуваат дека за тоа нема потреба. Ви даваме совети на сите прашања поврзани со капењето на новороденчињата.

    Првата недела после раѓањето бебето не треба да се капе, може само да се избрише со газа натопена во млака вода, се додека не отпадне папочето, затоа што тоа не треба да се натопи. На бебето редовно мијте му го лицето и рачињата, а посебно внимание обрнете околу гениталиите кои треба редовно да се бришат по секое менување на пелени.

    Капење во кадичка

    Откако папочната врвца ќе отпадне и папокот убаво ќе заздрави време е да почнете со редовно капење во кадичка. И тогаш не мора да го капете секој ден, може да го капете на секои два до три дена. Во почеток, ако ви е полесно бебето можете да го капете во кујнскиот садопер или во мали кадички наменети за новороденчиња. Некои родители своите бебиња ги капат секој ден, но за тоа нема потреба се додека бебето не почне да лази. Стручњаците препорачуваат до првата година бебето да се капе највеќе три пати неделно и тоа е сосема доволно. Почестото капење може да доведе до тоа да се исуши кожата на бебето.

    Некои бебиња уживаат во млаката вода и капењето, додека некои уште на првиот допир со водата почнуваат да врескаат па капењето треба да го завршите побрзо, односно не повеќе од пет минути.

    Во почеток капењето на новороденчето може да изгледа застрашувачки, бидејќи треба да се обрне внимание на многу ситници, но многу е важно да останете смирени низ целиот процес.

    Ситници на кои треба да се обрне внимание

    Бебето никогаш не го оставајте само во кадичка, ни за минута, дури ни ако имате посебни држачи за бебе. Ако ви заѕвони телефонот или ѕвоното на вратата, а вие чувствувате дека морате да се јавите тогаш замотајте го бебето во пешкир и јавете се.

    Бебето никогаш немојте да го ставате во вода додека водата тече, кадичката може брзо да се наполни и на тој начин тешко е да се процени дали водата е претопла или преладна.

    Совршена температура на водата за капење за бебето треба да биде од 35-37степени, а се што е повеќе или помалку не одговара. Купете во апотека посебен термометар за мерење на водата и така ќе бидете секогаш сигурни.

    Како да го капете бебето чекор по чекор

    Пред почетокот на капењето припремете си се што може да ви треба, шампон, сапун, пешкир, сад за полевање, пелени и гардероба. Се нека ви е на дофат на рака. Прво намокрете му ги ножињата, со една рака држете му го главчето и полека спуштете го во вода, со слободната рака полевајте го стомачето и главчето на бебето. Ако бебето многу плаче можете во текот на првите капења да му ја оставите и пелената за да му биде поудобно.

    Откако го натопивте бебето, искапете го со сапун кој треба да биде нежен без дополнителен мирис за да не дојде до иритација. Прво искапете му ја косата, потоа лесно со газа избришете му ги очите и лицето. Потоа со сапун измијте му го целото тело, посебно детално измијте му ги сите засеци.

    Бебето накрај добро исплакнете го. Користете бокал и исплакнете  го бебето па извадете го од кадичка и ставете го на чист пешкир. Потоа бебето лесно се брише и суши, на кожата може да му нанесете некој лосион или масло, но тоа и не е неопходно бидејќи мртвите ќелии од кожата на бебето сами паѓаат. На крај ставете му пелена, облечете го бебето и бакнете го еднаш силно така чисто и намирисано.