Како да се контролираат утринските мачнини?
Не е невообичаено да жената во првите месеци од бременоста страда од гадење или дури и повраќа. Во тие денови, не е лесно да се процени дали ќе има мачнини и ако се јават колку силни ќе бидат. Некои жени чувствуваат мачнини тек во втората или третата бременост, додека некои кои имаат среќа и никогаш не ги чувствуваат, но има и жени кои страдаат од гадење во текот на целата нивна бременост.
Тежината на мачнините варира од жена до жена. На некои им е многу лошо секое утро, но не повраќаат, некои повраќаат, за жал тоа им е секојдневниот почеток на денот. Други жени страдаат од мачнини во текот на денот, а работите знаат да станат уште полоши во вечерните часови.
Зошто имаме мачнини?
Лекарите и научниците не се сосема сигурни што ги предизвикува мачнините. Некои веруваат дека се криви хормоналните промени, други пак тврдат дека причината е промената на нивото на шеќер во крвта.
Дали треба да се грижите поради мачнините?
Во повеќето случаи, мачнините поминува само по себе, но ако многу повраќате, консултирајте се со вашиот лекар за да ви помогне. Во овие случаи, постои поголема шанса за дехидрација, па пијте повеќе течности. Ако содржината повратена содржи крв или темно кафеава боја веднаш треба да го информирате вашиот лекар.
Како да се контролираат мачнините:
– Немојте наутро нагло да станувате од кревет
– Како прво нешто откако ќе станете, обидете се да јадете нешто. Бисквити и крекери би требало да помогнат
– Јади нешто пред да си легнете
– Пијте многу течности
– Избегнувајте зачинета храна
– Избегнувајте масна храна
– Држете се подалеку од кофеин
– Чај од ѓумбир или други напитоци кои содржат ѓумбир помагаат против гадење
– По јадење, обидете се да се одморите некое време
– Избегнувајте мириси од кои се чувствувате лошо
– Неопходно е да се одморате доволно
– Свеж воздух многу помага
– Јадете храна богата со протеини (месо, живина, риба, јајца, мешунки, млечни производи)
– Не употребувајте апчиња против гадење, освен ако не ви се препишани од вашиот лекар
Овие совети нема да им помогнат на секоја бремена жена. Бидејќи не сме сите еднакви, така ни помошта неможе да биде иста за сите. Слушајте ги потребите на вашето тело и по тоа прилагодете го вашето однесување. Сепак, информирајте го вашиот лекар за се ова за да бидете сигурни за вашето здравје и здравјето на вашето дете.