ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Како да се надвладее стравот од мрак кај децата?
    Како да се надвладее стравот од мрак кај децата?

    Како да се надвладее стравот од мрак кај децата?

     

    mrak
    Зошто децата се плашат од мрак?

    Стравот од мрак е еден од најчестите стравови кај децата и се сместува во природна фаза на развојот низ која поминуваат децата. Специфично е што ваквиот страв знае да се одржи и да трае и кај повозрасните деца. Децата кои се плашат да бидат сами во текот на ноќта, во суштина не се плашат од мракот како таков, туку од измислените опасности кои произлегуваат и се врзуваат за него.
    Иако некои деца имаат вроден страв, стравот од мрак е најизразен кај деца од две до три години. Во таа возраст, децата имаат бујна фантазија и во таа возраст не се доволно зрели за да можат да ја одвојат фантазијата од реалноста, па така сенката во темниот ќош од собата често знаат да ја заменат со некое страшно чудовиште.

    Првиот чекор кој се превзема за да се помогне на детето да престане да се плаши е да пробате да му објасните дека во секое време во негова близина има некој од неговите најблиски. Пробајте да дознаете од детето која е неговата скриена опасност која го чека во мракот и зошто има страв.

    Плишаните животинчиња или играчки во близина на креветот може да му помогнат на детето во соочување со стравот во текот на ноќта.

    Кога го бирате “ноќниот чувар” за своето дете, земете во предвид дека вашето дете со таа играчка ја поминува ноќта но и постојано со себе ќе ја носи на гости или пак на патување. Оваа кукла/играчка треба да биде безбедна, квалитетна и лесно пренослива.

    Иако само што родените бебиња не се плашат од мракот, сепак, добро е на време на го пронајдете “ноќниот чувар” уште додека се многу мали. На овој начин ќе имаат можност да растат заедно со куклата/играчката, да создадат доверба и да ја засакаат играчката која подоцна ќе им даде утеха и сигурност.

    Многу родители креираат навика на своите деца кои се плашат од мракот да спијат со отворени врати во собата или пак со запалено светло па дури и вклучуваат лампа во собата во која спие детето. Тоа не е добра идеја, бидејќи кога има голема светлина се намалува лачењето на мелатонон, хормон, кој е есенцијален за добриот сон на детето. Од таа причина, голем број на педијатри даваат илјадници совети за спиење во темница.

    Светлината може да делува смирувачки кај деца кои се плашат во мрак само доколку светлината е прилагодена за спиење. Ноќната лампа која ќе ја одберете треба минимално да ја осветли просторијата или пак да проектира созвездие или пак бранови на плафонот на собата. Со ова, ќе му озовможите на детето да се забавува и полесно да заспие.

    Првиот звук со кој бебињата се сретнуваат додека се сеуште во утробата на мајката е мајчиното отчукување на срцето. Од таа причина, сите играчки кои симулираат отчукување на срце се ефикасни во процесот на успивање и намалување на стравот кај детете.

    Играчките со звуци на природата се исто така одлични за полесен сон како за малите деца така и за малку повозрасните. Пролетниот дожд, брановите на океанот или пак звукот на птици имаат ефект на опуштање а во исто време помагаат на детето полесно да заборави дека е само во собата.