Како да се направи правилен план за спиење
Добар дневен план за спиење ќе му овозможи на бебето да напредува а вам ќе ви го сочува мирот…
Нема ништо лошо во тоа што нетрпеливо чекате бебето да заспие во текот на денот. Да не е така, кога ќе ги завршите сите домашни работи или малку ќе дремнете за да ја вратите силата? Што се однесува до бебето, дневниот и ноќниот сон подеднакво се важни за неговото правилно растење и развивање на мозокот. Бебињата кои спијат во текот на денот полесно заспиваат и навечер и подобро спијат, бидејќи не се премногу уморни. Значи, што побрзо треба да направите дневен режим на спиење, и тоа ќе биде добро за целото семејство.
Поголем дел од денот во сон
До 12-тата недела од животот
Првите некоку месеци вашето бебе треба да има долг сон. Нормално е да спие и до 17 часови дневно.
Што треба да превземете ако се не е во стандардни околности?
-Што е проблемот? Бебето е очигледно уморно, поспано и ништо не може да го смири, но никако не може да заспие. Родителите често ги пропуштаат првите знаци кога бебето е поспано, а тоа е многу важен момент. За жал, кога бебето е премногу заморено, во неговиот организам почнува продукција на хормонот на стресот, од што произлегува преголемата будност и вознемиреност.
-Решение: Новороденчето може да остане будно околу 45 минути. Овој интервал до третиот месец се продолжува на час и половина. Затоа, внимателно следете го времето на будност и ако ги воочите првите знаци на поспаност-зевање, триење на очите-завиткајте го бебето и заспијте го.
Помалку спиење во текот на денот
Од третиот до шестиот месец
До 12-тата недела вашето бебе ќе останува будно подолго во текот на денот, а ќе спие по три пати на ден подолго, наместо по повеќе пати пократко.
-Што е проблемот? Некои мајки користат трикови за успивање, како на пример доењето или носење на бебето во раце и лулање, и тврдат дека нивните бебиња само така можат да заспијат, но тоа не е практично во текот на ноќта.
-Решение : Овој период е од големо значење за бебињата да научат како сами да се смират. Помилувајте го бебето, нежно спуштете го во креветчето, а потоа пуштете го само да се смири и да заспие. Тоа на почеток ќе плаче, но ако не го земете во раце, тоа ќе научи да се смири само и да заспие. Секако, тоа не значи дека треба да го оставите да плаче подолго од 5 минути!
Класична фаза
Од шестиот до деветиот месец
Во оваа фаза на животот вашето бебе ќе спие околу еден час наутро и час и половина попладне. Тоа значи дека во текот на денот ви остануваат два часа слободно време (теоретски кажано, во пракса е поинаку).
-Што е проблемот? Бебето не е секогаш расположено да спие кога вие сметате дека е потребно. Понекогаш, борбата да го заспиете е многу напорна, па мајките некогаш се откажуваат од неа.
-Решение: Немојте да очекувате дека бебето секогаш ќе легне послушно во креветчето, ќе се сврти на страна и ќе заспие. Пуштете го да плаче неколку минути, а потоа постепено продолжувајте го времето помеѓу влегувањето во собата, нежно удирајте го по грбчето и пак излегувајте од собата. Важно е да сте секогаш со него и да внимавате што се случува-на тој начин ќе бидете спокојни затоа што ќе знаете дека е се во ред.