ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Како да се научи детето да игра самостојно?
    Како да се научи детето да игра самостојно?

    Како да се научи детето да игра самостојно?

    Детето кое поминало 18 месеци од животот би требало полека да стекнува способност одредено време да може да игра само без ваша помош. Но, ако детето цело време е зависно од вас, вие сте главниот забавувач без кој не може ни секунда, тогаш е време да ја промените тактиката. Еве неколку корисни совети…

    Детето и самостојното играње

    Далеку од тоа дека треба да се бега од играњето со децата, затоа што тие низ игра учат нови работи и вештини, но треба да постојат периоди кога детето треба само да си игра, за да можете вие да завршите некоја друга работа или да се одморите. Напоменуваме, детето секогаш мора да биде контролирано од родителот, значи вие мора да бидете во иста просторија.

    Еве, неколку интересни совети како тоа да го постигнете…

    1.Започнете ја играта пред  да почнете да ја вршите вашата работа. Важно е вие да ја започнете играта и да учествувате во неа барем 15-20 минути, се додека детето добие доволно самодоверба и се задлабочи во играта и може да продолжи понатаму да игра без вас. Кога ќе сакате да се оддалечите од играта немојте да бидете многу интересни, играјте посебно покрај детето. Децата до третата година од животот ги повторуваат и ги имитираат работите кои вие ги правите.

    2.Пофалете го кога ќе почне да  игра само. На пример:“колку убаво си играш со куклите” или “колку убаво си ја изградил куќата”. На тој начин ќе ги поттикнете да продолжат да играат. Но, немојте да ги прекинувате во играта, затоа што пак ќе се доведете во состојба вие да играте со нив, а тоа не го сакате. Направете го тоа кога за тоа ќе видите можност, или кога самостојната игра ќе заврши.

    3.Време на прилагодување – Ако до сега детето не било навикнато да игра само, немојте да очекувате моментално привикнување. Почнете со оддалечување од играта на две-три минути, а тие одалечувања продолжувајте ги со време. За тоа време, ако е потребно и само неколку минути, завршете ги вашите работите. Секое дете е различно, за некои деца ќе биде подолго а за други пократко.

    4.Посебна игра или играчка за самостојно играње – Имајте  подготвено посебна играчка со која сака да си игра и тоа да си игра самостојно, без ваша помош.