ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Како да се олесни излегувањето на запчињата
    Како да се олесни излегувањето на запчињата

    Како да се олесни излегувањето на запчињата

    Растење на забчињата и болката при истото

    На бебето обично почнуваат да му излегуваат забите помеѓу 4-тиот и 12-тиот месец, и продолжуваат се до неговата втора година.

    Предните заби, во најголем број случаи излегуваат први. Кога ќе почнат да излегуваат, некој бебиња добиваат еден по еден заб, додека други добиваат неколку заби одеднаш.

    Тоа што бебето се лигави, не е знак дека му растат заби. На бебињата жлездите кои ја лачат плунката, помеѓу вториот и третиот месец почнуваат поинтензивно  да излачуваат плунка. Сигурно не можете да замислите ден без лигавче, а некогаш и тие не се доволни.

    Ако приметите дека бебето се обидува да стави во уста се што ќе здогледа, голема е веројатноста дека му растат заби. Ова е фаза која може да потрае и со месеци, додека се појави првото забче, а покасно тоа оди многу побрзо. Бебињата понекогаш ги влечат и своите уши, бидејќи нервите кои имаат влијание на вилицата, исто така имаат влијание и на ушите. Но ако Вашето дете има покачена температура или симптоми на настинка, веројатно постои некое воспаление на увото. Значи, треба да се однесе на лекар.

    Можеби ќе видите и дека непцата не се рамни, отечени или црвени.

    Појавувњето на белкасти кругови на непцата, посебно ако бебето има 2-3 месеци не е знак дека ќе му излезат заби, тоа е млечна циста на местото каде што подоцна ќе му излезе заб. Ако белата површина е тврда на допир, во прашање е излегување на заб.

    Ако Вашето бебе е раздразнето, пробајте со било кој трик кој го користите за да се смири: носете го, протријте му го стомачето, галете го. Ако тоа не помогне, масирајте му ги непцата со својот чист прст. Благо притиснете додека триете или едноставно пуштете го своето дете да ви го гризе прстот.

    Бебињата на кои им излегуваат заби особено сакаат да гризат работи кои се разладени. Пробајте со ладна гума за гризење, мокар пешкир или полу-замрзната банана (ако сте вовеле цврста храна).  Што и да изберете, тоа не треба да биде потполно замрзнато, затоа што ќе биде многу тврдо. Доволно е тоа што ќе му го дадете на бебето да биде подолго во фрижидер 10-15 минути, а потоа дадете му го на бебето.

    Ако постои промена во однесувањето на детето, на пример да плаче повеќе отколку што треба, да се буди почесто ноќе, разговарајте со Вашиот педијатар за давање на некој аналгетик (на пример парацетамол), ден или два. Важно е на бебето да му олесните колку што е возможно. Немојте да го оставате бебето по цела ноќ да трпи јаки болки.

    Можете да пробате и со соодветни гелови за непцата, но тие не им помагаат на сите бебиња. Огрлици и слично немаат докажано дејство.