• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Како да се ослободите од заморот после породувањето?
Како да се ослободите од заморот после породувањето?

Како да се ослободите од заморот после породувањето?

Ви откриваме неколку корисни трикови како да се изборите со заморот после породувањето.

Ким Пиесел е регистрирана и лиценцирана мастер диетичарка и нутрициониста. На младите мајки им даде неколку совети, некои на основа на своето знаење, а некои од сопственото искуство, за полесно да се изборат со новите предизвици откако на свет ќе дојде бебето.

Кога го родила првото дете највеќе била изненадена со нивото на замор кое го доживеала. Таа не била спремна на непроспиените ноќи, стресот, а единствено нешто за кое водела грижа било тоа секогаш да му биде на располагање на своето бебе.

Таа вели дека една од клучните работи е сонот и спиењето. Да, тоа е навистина лесно да се каже, но за да водите грижа за своето новородено бебе, морате да биде наспиени – да спиете колку што е можно подолго, да имате најмалку седум часа сон. Тоа не мора да биде оддеднаш, не мора да биде врзана цела ноќ или некој непрекинат период, зошто дури и нешто да ви го прекине сонот, и тоа што сте одспале значајно ќе ви помогне подобро да излезете на крај со стресните ситуации и полесно да се изборите со заморот.

Кога станува збор за исхраната, таа ги охрабрува сите новопечени мајки да внесуваат сложени јаглехидрати кои бавно се разградуваат. Често се случува кога сме уморни или ненаспиени да посегнеме за некое чоколадо, преработени прости шеќери, кои моментално ни ја подигаат енергијата, но и брзо ја спуштаат. Согласно тоа таа препорачува таканаречени здрави јаглехидрати кои бавно се разлагаат во нашиот организам.

Најдобро би било да имате навика својот оброк да го испланирате однапред, да спремате и готвите однапред. Сепак тоа не е лесно, особено кога сега е тука бебето. Во тој случај, овошјето, скробниот зеленчук и другите интегрални житарки се добра опција затоа што енергијата од нивните јаглехидрати постепено се ослободува и не влијае на наглите скокови на нивото на шеќер во крвта.

Исто така, Ким напоменува дека е важен делот на урамнотежената исхрана и обезбедувањето на доволна количина на протеини. Таа советува да конзумирате таканаречени лесни протеини, наместо долго и во текот на целиот ден да припремате и готвите некое месо, на пример. Во тие лесни протеини таа ги наведува тврдо варените јајца, парчињата сирење и ренданото сирење, лососот, па дури и туната. Можете да се одлучите и за немасно месо.

Тоа дефинитивно ќе ви помогне да обезбедите доволна количина на енергија како би сте се носеле со сите дневни предизвици после породувањето.