ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  КАКО ДА СЕ ПОБЕДИ СТРАВОТ ОД ТЕМНИНА
    КАКО ДА СЕ ПОБЕДИ СТРАВОТ ОД ТЕМНИНА

    КАКО ДА СЕ ПОБЕДИ СТРАВОТ ОД ТЕМНИНА

    Како да им помогнеме на децата да го пребродат стравот од темнина?

    Поради што децата се плашат од темнина?

    Стравот од темнина е еден од најчестите стравови кај децата и спаѓа во природните фази низ кои поминува детето. Специфичен е по тоа што многу често не се губи ни во времето кога детето е поголемо. Децата кои се плашат да бидат сами ноќе не се плашат од темнината како темнина, туку од измислени опасности кои од темнината може да демнат.

    Кога се јавува првиот страв од темнина?

    Децата од темнина се плашат од самото раѓање, стравот од темнина е најголем кај децата од две или три години. На таа возраст, децата имаат бујна фантазија, но не се доволно зрели да ја разделат фантазијата од стварноста. Не можат да го сменат вниманието од страшните мисли, но не се плашат од темнината сама од себе.

    Како можеме да им помогнеме на децата да го пребродат стравот од темнина?

    Првиот чекор да им помогнете на децата да престанат да се плашат да бидат сами ноќе е да ги уверите дека е некој од возрасните секогаш во близина. Пробајте од детето да дознаете која е скриената опасност која го чека во темнината и поради што толку се плаши.

     Пронајдете чувар

    Кадифените животни и играчки во близина на креветот можат да го спасат детето од опасностите кои го плашат во ноќта.

    Кога ќе бирате “ноќен чувар” за своето дете, земете во предвид дека вашето дете со таа играчка ќе поминува секоја вечер, дома, на гости или на патување.

    Чувар би требало да биде безбедна, квалитетна, лесно придвижлива и привлечна играчка.

    Бебињата не се плашат од темнината, но сепак е добра идеја да им се пронајде “чувар” додека се сосема мали. Така ќе имаат прилика да растат покрај него, да го засакаат чуварот играчка, која подоцна ќе му даде сигурност и утеха.

    Додадете светло

    Многу родители ги навикнуваат децата кои се плашат од темнина да спијат со отворена врата во соба и светло во ходникот, или држат вклучена ламба во собата во која спие детето. Тоа не е добра идеја, бидејќи на светло се намалува лачењето на мелатонон-хормон заслужен за добар сон. Од таа причина, педијатрите советуваат да се спие во темнина.

    Светлото има смирувачки ефект на децата кои се плашат од темнина само ако е благо и прилагодено за спиење. Ноќната лампа која ќе ја изберете треба само да додаде благо осветлување, или да проектира созвездие или бранови на таванот на собата, за детето да може да се забавува и полесно да заспие.

    Звуци кои смируваат

    Прв звук со кој бебето се сретнува, уште додека е во стомакот, е чукањето на мајчиното срце. Поради тоа играчките кои симулираат отчукување се многу ефикасни за полесно успивање и го смалуваат стравот од темнина.

    Смирувачките звуци на природата исто така се добри за успивање на деца и возрасни. Пролетниот дожд, брановите на океанот или песната на китовите имаат имаат ефект на отпуштање, а истовремено им помагаат на децата да заборават дека се сами во соба.

     Комбинација на звуци, светло и чувар за мирен сон

    Вашето дете не е единствено што се плаши од темнината. Поради тоа се направени и сепцијални играчки, кои играат улога на чувари, а истовремено емитуваат смирувачка и безбедносна светлост и звуци кои му помагаат на детето побрзо да заспие.

    Во зависност од тоа што највеќе сака вашето дете, можете да изберете облик, материјал и функција кои овие играчки ги имаат.

     Безгрижна желка

    Играчка во комбинација на отпорна пластика и кадифе е идеална комбинција за деца кои ги смирува вода. Таа е идеален чувар бидејќи емитува светло во облик на морски бранови (во зависност за која боја ќе се одлучат, светлото е тиркизно или темно сино), два различни смирувачки звуци и се напојува на батерии, па згодна за пренесување ако детето не спие дома.

    После дваесет минути, желката сама се исклучува, така што не морате да влегувате во соба и да го прекинувате сонот на детето. Безгрижната желка или Tranguil Turtle е прогласена за детска играчка на годината на доделување на TOTY 2013 година.

     Светлечки пријатели-мече или зајче

    Ако вашето дете сака да ја гушне играчката додека спие, сигурно ќе сака да ја помине ноќта во друштво на своите пријатели. Мечето и зајчето во својот стомак имаат посебен уред, кој свети и вибрира како отчукување на срцето.

    Бидејќи уредот се вади од играчката, мечето и зајчето можат да се исперат. Исто така работат и на батерии. Светлото автоматски се гаси за 23 минути а звукот за 10 минути.

     Светкава жаба

    Twinkling Fire Frog функционира на сличен начин како и мечето и зајчето. Пушта песни на цврчење или приспивни, а стомакот и свети со нежна светлост која не ја вознемирува во сонот, и дава топлина и сигурност за детето.