
Како да се пресмета колку долго сте бремени?
Претходно, бремените жени ја пресметале возраста на бременоста по месеци.На прашањето колку сте бремени можело да се одговори: ” Полни четири и влегувам во петтиот месец! ” Или ” Во осми месец сум! ”.
Сега, сепак лекарите и ние самите ја пресметуваме бременоста по недели. Неделите се сметаат многу лесно.
Првиот ден од последната менструација е исто така првиот ден од бременоста. Звучи нелогично, но се смета дека е исправно. Всушност, во првата недела од бременоста е недела додека сте го имале вашиот период, тогаш втората недела од бременоста е пред овулацијата, а на третата недела од бременоста, оплодувањето се случува.
Бременоста трае 40 недели или 280 дена.
Пример:
Последниот менструален циклус Ви бил во средата, 4-ти септември. Значи, тогаш започнала бременоста. Наредната среда, 11 септември, ќе влезете во втората недела од бременоста и така до крајот на бременоста. Ако не се породите порано, на 4-ти јуни ќе влезете во 40-тата недела од бременоста, а на 11 јуни се предвидува датумот на раѓање. Бременоста трае 9 месеци + 7 дена од денот кога сте го имале последниот период.
Најлесниот начин да се пресмета во кој месец од бременоста е да се следат неделите:
1-4 недела = 1 месец
5-8 недела =2 месец
9-13 недела = 3 месец
14-17 недела = 4 месеци
18-22 недела = 5 месеци
23-27 недела = 6 месеци
28-31 недела = 7 месеци
32-35 недела = 8 месеци
36-40 недела = 9 месеци
Она што е важно е да се има предвид дека пресметката на бременоста по менструалниот циклус може да се разликува во однос на возраста на бременоста со наодите на ултразвук. Оваа метода подразбира дека овулацијата се случила на 14-тиот ден од циклусот, што често не е случај.
Исто така, без оглед на денот на почеток на циклусот или денот на зачетокот, само 2% од бремените жени се пораѓаат во предвидениот датум. Обично тоа е неколку дена порано или подоцна.
Подгответе се за вашете дете. Погледнете дел од производите кои Ви се потребни во текот на бременоста или пак веднаш по вашето породување.