
КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕАТ ПРВИТЕ НЕДЕЛИ СО БЕБЕТО
Привикнувањето на улогата на мајка во првите недели на животот на вашето бебе не е ни малку лесно. Еве како да го пребродите овој тежок период, а при тоа да ја сочувате силата и нервите!
Милиони жени низ целиот свет ќе ви ја потврдат вистината, дека мајчинството е истовремено и многу убаво но и застрашувачко искуство. Иако тоа треба да биде најубавиот период од вашиот живот, првите недели од мајчинството често ни сами нема да знаете каде се наоѓате и што треба а што не треба да правите.
Бидејќи ни едно бебе не доаѓа на свет со “употреба за користење”, нашите соработници направија практичен “прирачник” кој ќе ви помогне успешно да го поминете овој за родителите најнапорен период во животот на бебето.
Бебето не е убаво!
Очекувате буцкасто бебе, убаво бебе, со нежно розова боја на кожата и румени обравчиња (баш како што ги гледате во часописи, на ТВ рекламите и во филмовите), меѓутоа, вашето бебе не изгледа така….
Би можело да се каже дека личи на вонземјанин. Откако ќе дојдете на себе од породилните маки, ќе се соочите со фактот дека вашето бебе не е убаво како кукла туку е … хм, некако чудно. Па, ајде да објасниме поради што новороденчето изгледа помалку чудно….
Неправилно главче, или било која друга деформација на обликот на главата на бебето, резултат е на притисокот во текот на нејзиното поминување низ коскениот дел на породилниот канал. Многу ќе биде поизразена неправилноста ако при породувањето се употребува форцепс или вакум. Не се грижите, коските на главата на бебето се многу флексибилни и ќе се вратат во нормална положба веќе по неколку недели.
Жолтилото на кожата ќе го снема поради зголемувањето на билирубинот во крвта на бебето. Поточно, се работи за физиолошка жолтица која настанува поради тоа што неговиот црн дроб сеуште не може да го разработи целиот билирубин. Оваа појава обично се повлекува десет дена после раѓањето. Ако тоа не се случи, бебето се изложува на фото-терапија.
Папочната врвца им изгледа на мајките застрашувачки, особено ако на нивниот крај е закачена хируршка штипка (која е преголема во однос на малото тело на бебето). Освен тоа, од неа понекогаш тече сокрвица и непријатно мириса, но сето тоа ќе помине за дестина дена, кога ќе се исуши и ќе падне. Чистете го редовно со јод и немојте да го покривате со пелената за да се суши.
Дрилките во очите се поради бактериите кои бебето ќе ги “собере” при поминувањето низ породилниот канал (а може да бидат и последица на недоволна хигиена). Чистете му ги на бебето очињата секој ден, и тоа со памучни стапчиња натопени во ладен чај од камилица.
Појавувањето на перут (љушпи) на темето на главчето настанува поради поголемата функција на лојните жлезди во кожата на бебето, а се манифестира со перутање на темето на главата. Користете специјален шампон, или мачкајте го главчето на бебето со масло, оставете да делува преку ноќ, и следниот ден измијте ја главата и косата. Немојте да ги отстранувате лушпите од кожата, бидејќи така може да предизвикате инфекција.
Кожа со лушпи е многу честа појава, а особено ако бебето е родено после терминот. Утрлување на маслиново масло може многу да помогне. Ако приметите поголеми екстремно суви и црвени делови на кожата, одете кај лекар, бидејќи постои можност да се работи за екцем. Избегнувајте употреба на парфимирани влажни марамчиња, сапун и беби пена за капење, користете биолошки прашок за перење и облекувајте го бебето во памучна облека. Освен тоа, ставајте му памучни ракавички за да го спречите бебето да се чеша.
Можни се ситни бели бубуљички кои се појавуваат на бебешкото лице како реакција на хормони од мајчиното тело. Немојте да ги стискате, и да ги отклонувате на било кој начин, самите ќе се повлечат без терапија.
Пеленскиот осип настанува како реакција на кожата на иритација на урината, а уште повеќе на столицата. Со често менување на пелените-околу 10 до 12 пати дневно ќе го спречите појавувањето на осипувањето. Мијте го газето на бебето со млака, превриена вода и сушете му ја кожата пред секое повиткување. Исто така, бебето оставајте го без пелена по неколку минути секој ден, со тоа ќе го намалите осипувањето односно ќе го забрзате нивното повлекување, а ќе спречите и појавување на ново осипување.