
Како да се преживее вечерта кога децата многу ќе се заиграат?
Припремете се
Ги познавате своите деца и знаете во кој период од денот “турбото се пали”. Во некои куќи почнува одма откако ќе се излезе од градинка. Мудро е пред тој момент во денот да одвоите неколку минути за сопствено смирување и припрема. Што можете да направите брзо?
Кратко самоkoцентрирање
– Седете сами во тишина во автомобилот неколку минути пред да му се придружите на семејството во градинка.
– Пробајте длабоко да дишeте или да медитирате
– Одете брзо
– Осмислите план за “турбо вечер” и обавезно вклучете нешто што ве весели
Менувајте се со партнерот
Поделете го стресот. Тоа може да значи поделба на должностите или можност за напуштање на ситуацијата. На сите ни доаѓа моментот кога ни е потребен “time out”. Употребете некоја едноставна реченица, таен знак, од типот:“Морам да одам на неколку минути”. Ако видите дека вашиот партнер е лут, кажете:”Еј, појди на кратка пауза”. Ќе ви биде драго кога ќе ви ја врати услугата.
Раздвоите се
Ако имате две деца, не е лошо да се раздвоите, така што секој родител ќе земе по едно дете и ќе тргнете на различни страни, било да сте надвор или сте дома па ќе се разделите по простории. На тој начин ќе можете да се посветите на едното дете во потполност и да си го намалите стресот. Кога децата се заедно турбото е пострашно.
Поставете очекувања
Главна причина поради која децата имаат изливи на бес е тоа што ги спречуваме во нивните очекувања, а тоа е да си играат со родителите додека не паднат од нога. Затоа треба точно и на време да им се каже кои се нашите очекувања односно кога треба навечер да се спремаат за одење во кревет. Договорот нека гласи:“Сега уште малку ќе си играме, а потоа во када, потоа на миење заби, облекуваме пижами и читаме една приказна за добра ноќ”. Ако не го направите тоа, голема е веројатноста дека ќе прочитате десет приказни, ќе испиете пет чаши вода и ќе направите цел град од коцки, пред конечно тие да ги затворат очите и да заспијат.
Прилагодете го распоредот
Размислете за тоа вечерата да биде порано. Ако имате избирливи деца, пробајте прво со тоа што вие сте го имале на ум, но ако не помине, понудете им тоа што тие го сакаат, бидејќи сигурно сакате нешто да изедат пред спиење. Немојте да “загинете” во оваа битка.
Децата сакаат структурни игри, но сакаат и слободни игри. Затоа послушајте го својот инстинкт и немојте да се чуствувате виновни ако одбиете вечерта да глумите рингишпил за своите малечки.
Не заборавајте на благодетот од капењето, дури и ако тоа треба да се случи во 17 часот. Водата може да биде прав спасител кога ќе видите дека работите излегуваат од контрола. Поготово ако е лето и имате двор, базенче, прскалки во дворот…..
Земете свеж воздух. Смирете ги вашите малечки со шетање во ноќта или пуштете ги во дворот или на ливада и нека природата ја упие нивната енергија.
Заштитете се
Кажете им на децата: “сакам да ви помогнам, ама не можам ништо ни да кажам ни да ви помогнам, ако така се однесувате и потребен ми е мал одмор. Кога ќе бидете спремни, дојдете по мене”, или “знам дека си стварно уморна и тоа те чини повеќе лута, тоа и мене понекогаш ми се случува”. Важно е да им кажете на децата дека одредено однесување нема да го толерирате и да знаат дека нивните чуства се исто така нормални.
Пробајте со музика
Слушање на музика и песнички се дел од нашето секојдневие. Понекогаш децата си ги бараат омилени песнички, а понекогаш ќе најдете нешто на интернет и ќе играте, пеете и ќе се галите.
Кога ви е тешко
Кога се сите на работ на солзите, прифатете дека не е време за тренирање на строгост. Пристете се на денот кога се одело како подмачкано и кога ве слушале, сами оделе во кревет на спиење, легнале и заспале. Пофалете ги за тие денови, ако денес не е таков денот.