ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  КАКО ДА СЕ РАСПОРЕДАТ АКТИВНОСТИТЕ НА БЕБЕТО ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ
    КАКО ДА СЕ РАСПОРЕДАТ АКТИВНОСТИТЕ НА БЕБЕТО ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ

    КАКО ДА СЕ РАСПОРЕДАТ АКТИВНОСТИТЕ НА БЕБЕТО ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ

    Родителите кои имаат повеќе деца знаат колку е важно секое дете да има распоред во текот на денот, односно време за хранење, играње, шетање, капење и спиење. Ако не се почитува распоредот, децата се раздразнети, хиперактивни, не напредуваат доволно и се подложни на инфекции.

    Исхрана

    Исхраната е многу важен дел  од распоредот и во првите месеци бебето треба да се храни на 2,5 до 3 часа, најдобро со мајчино млеко. Во првите три месеци од животот бебето добива во телесната тежина помеѓу 500 и 1500гр., идеално е околу 750гр. месечно. Од шестиот месец се воведува цврста храна, постепено, некои намирници на 3 до 4 дена. На крајот на првата година се препорачува детето да пие помеѓу 700 и 900мл млеко и 400мл вода во текот на денот. Тогаш исхраната треба да биде распоредена во 5 оброци: 3 млечни оброци, овошје и зеленчук со месо.

    Престојување во куќата

    По излегување на бебето од породилната болница, родителите обично прават грешка и премногу го затоплуваат домот, од страв бебето да не настине. Затоа првиот совет на педијатарот е бебето да се облекува само со еден слој облека повеќе од своите родители. Облеката треба да е мека и удобна, најдобро од памук. Најдобро е температурата во домот да биде помеѓу 22 и 23°С. На неколку часови треба да се проверува просторијата каде што престојува бебето, така што бебето се преместува во друга просторија и се отваараат прозорците околу 10 до 15 минути.

    Шетање

    Со шетање може да се почне уште од првите денови на раѓањето, на почеток по неколку минути, а потоа се продолжува времето на шетање до неколку часови. Во летниот период се препорачува период за шетање до 10 часот и попладне после 17 часот. Во зимскиот период најдобро е да се одбере сончев ден и да се користи времето околу пладне. Треба да се избегнува влажно и дождливо време или ветровити и ладни денови, кога надворешната температура е под нула.

    За бебињата е потребно да  престојуваат на сонце, пред се поради циркуларниот ритам, односно регулирање на спиењето, како и поради витаминот D кој се претвора во активен облик после изложувањето на сончеви зраци, па затоа и го викаат “сончев витамин”. Витаминот D е важен витамин затоа што го поттикнува растењето на коските и забите, а недостатокот од него доведува до рахитис кај децата. Не се наоѓа во доволни количини во мајчиното млеко, воглавно е составен дел на млечните формули, но во секој случај се препорачува давање на препаратот витамин D.

    Последните години се откриваат нови улоги на витаминот D, пред се да го потикнува размножувањето на ќелиите на имуниолошкиот систем и настанување на антимикробни супстанци кои ги синтетизира човечкиот организам со наслов кателицидин. Од друга страна витаминот D ја зајакнува програмираната ќелиска смрт на туморските ќелии и со тоа ги спречува малигните болести. Витаминот D ги смалува и хроничнте воспалувања, што посебно се однесува на  алергиските болести како што се алергиска кивавица или астма, како и некои аутоимуни болести. Од сите наведени причини, се препорачува што подолго користење на препаратот витамин D, најмалку до крај на третата година.

    Кога ќе почнат ладните зимски денови, родителите за шетање го облекуваат своето бебе како мал астронаут. Корисно е да се знае  дека бебето за шетање во зимските денови треба да се облече слоевито и задолжително да му се стави капа која ги покрива ушите, ракавици и шал. За детето е поудобно во ладните денови да носи дебела јакна и пантолони, а во количка да  се покрие со прекривка, а не да носи одело од еден дел, така наречен скафандер, во кој може да му биде претопло. Кожата на бебето е многу осетлива, затоа пред излегување треба да се намачка на лицето со заштитна емолијантна крема или ако е сончево со крема за бебе со висок заштитен фактор.

    Капење и преслекување

    Капењето треба да биде навечер секогаш во исто време, што претставува знак за бебето дека е време да се смири и да спие. Семејството тогаш треба да се собере и секој да даде свој придонес во капењето на бебето. Пред капење треба се да се припреми за да биде на дофат на рака. Температурата на водата треба да биде слична на температурата на телото, околу 37°С, што може да се провери со термометар за вода. Место сапун и купка да се користат синдети, кои не се алкални и не ја иритираат кожата на бебето. На крајот на капењето бебето не треба да се трие, туку само со благи тапкања да се засуши со пешкирот. После тоа добро е да се примени препаратот витамин D и да му се даде на бебето да цица или да му дадете од млечната формула. Тогаш треба на бебето да му ставите и нова пелена.

    Се препорачува честа промена на пелените,  посебно во првите месеци од животот. Пелените прво се менуваат на два часа, а потоа по потреба, после секоја столица или на 3 до 4 часа. Иако кожата на бебето е мека и свиленкаста, совршена во секој поглед, таа во пеленскиот дел е многу осетлива, пред се поради сталниот контакт со урина и столица, а и поради тоа што пеленскиот дел е стално покриен и не е добро вентилиран.

    Поради тоа е многу важен изборот на пелените. Пелените треба да бидат со микропори за размена на воздухот кои обезбедуваат идеално ниво на влажност за кожата на бебето во пелената. Во внатрешниот и во надворешниот дел пелените треба да се направени од супер мек материјал како памук, за да и овозможи на кожата на бебето нежна заштита која и е неопходна за комфорно и пријатно чувство. Затоа треба да се пробаат повеќе видови на пелени и да се види кои на бебето највеќе ќе му одговараат.

    За бебињата е најдобро пелените да имаат добар слој за впивање, поради предвремена заштита од многу болести на кожата, од екцема до пеленски дерматитис. Поред тоа, пелените треба со својот облик да ги постават колкчињата на бебето во правилна положба, така што ќе нема потреба од широк повој. Затоа родителите треба да се одлучат за пелени кои овозможуваат максимална заштита и нега, како и слобода на движење на бебето. Кога кожата е сува и здрава, бебето ќе може нормално да расте и да се развива.

    Во текот на менување на пелената бебето треба да се избрише со марамчиња или ако е можно да се измие само со вода. Промената на пелената треба да се искористи и да се прегледа кожата во пеленскиот дел, поради можни иритации или сувост на кожата. Следен чекор е  нанесување на заштитен крем на пеленскиот дел. Промената на пелената треба да се искористи и за да се споделат емоции со бебето, зборување, галење, да се овозможи контакт со очите или правење гримаси кои можат да го насмеат бебето.

    Спиење

    Сонот  е скапоцен за детето, пред се поради лачење на хормонот на растење кој го помага растењето и развојот. Исто така во текот на спиење се лачат и многу имунски фактори, пред се цитокини и Т лимфоцити кои го штитат организмот од различни инфекции. Намалената должина на спиењето така наречена депривација на сонот, доведува до зголемена склоност за инфекции и до смалување на антитела после различни врсти на вакцини.

    Со други зборови, доволното спиење помага во одржувањето на нормалната телесна тежина кај децата. Не треба да се заборави и дека спиењето е драгоцено и поради подобрување на паметењето, подобро учење и на крајот поради подобро расположение на децата.