• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Како да се соочите со нападите на нервоза на вашето дете?
Како да се соочите со нападите на нервоза на вашето дете

Како да се соочите со нападите на нервоза на вашето дете?

Сите деца немаат чести напади на нервоза- но, околу 18 месец, кога ќе стане понезависно, тоа се почесто станува нервозно. Вашето дете има развиено многу нови физички способности, може да разбира многу нешта и е решено да ги проверува своите способности. Меѓутоа, често сфака дека не може нешто да направи, или дека не му е дозволено да го прави тоа што сака да го направи. Нападите на нервоза- клоца, вреска, удира други деца или одбива да соработува за некоја едноставната работа – се начини за изразување на големо незадоволство што го чувствува кога не може да прави што сака. 

Како да го разберете вашето дете?

Нападите на нервоза често се случуваат кога вашето дете се чувствува помалку безбедно од обично, или кога му посветувате помалку внимание. На пример, може да се случи вие да сте со пријатели кога тоа ќе сака да добие нешто од вас. За него е тешко да каже што сака, бидејќи се уште не може да зборува, а уште потешко му е ако вниманието на неговиот родител е насочено кон нешто друго, или ако не е дома, тогаш детето се чувствува понесигурно од обично. Ако се ставите на негово место, ќе можете да сфатите зошто се однесува на одреден начин. Ако знаете со кои состојби вашето дете тешко се соочува, можете да ги избегнете незадоволствата  што кај него предизвикуваат напади на нервоза. 

nervozno dete, babyshop, babyshopblog, babyshopmk

Како да го поттикнете доброто однесување

На оваа возраст важно е да му помогнете на вашето дете да сфати што е добро однесување. Тоа можете да го направите на неколку начини:

* Фалете го и охрабрувајте го кога се однесува добро. Кажете му зошто го фалите. Кога прави нешто добро кажете му колку многу сте задоволни од него. Тоа ќе сака да знае дека ве усреќило и тоа сознание ќе го поттикне повторно добро да се однесува. Не очекувајте премногу од него- детето учи бавно зошто вниманието не може да го задржи многу долго, но со текот на времето ќе научи како да го привлече вниманието.

* Ако му се налутите кога ќе направи нешто што не треба, тоа ќе сфати дека ќе ви го привлече вниманието, ако направи нешто лошо. На пример, наместо да се налутите кога ќе фрли книга  што може да повреди друго дете, едноставно земете ја книгата без ниеден збор.

* Секогаш кога можете, насочете му го вниманието кон нешто друго. Ако оцените дека тоа може да предизвика тешка последици- на пример, ако не сака да ја облече јакната кога е време за излегување- испејте му смешна песна и набрзина, додека тоа ужива во вашето пеење, облечете му ја јакната. 

* Кога му помагате да се облече, да ги обуе обувките, или да состави сложувалка, бидете внимателни и однесувајте се така за детето да мисли дека се направило самото. 

* Секогаш кога можете, овозможете му да избира, односно важно е да мисли дека се исполнувааѕ неговите желби. На пример, ако детето секогаш одбива да ја носи облеката што вие сте му ја избрале, извадете неколку совети соодветни облеки и дозволeте му самото да избере што да носи;

* Научете да препознава кога детето почнува да го губи трпението- ако моете, спречето го;

* Не викајте му или не бидете дрски кон него или кон другите луѓе, како, на пример кон вашиот сопруг. Децата учат од примерите на другите;

* Наградувањето дава добри резултати. Најдобрата награда не е бонобона или чоколадо, туку вашето внимание. 

nervozno dete, babyshop, babyshopblog, babyshopmk

* Не заземајте цврст став, ако проблемот нема големо значење. На пример, дали е важно денес да ги носи црвените чорапи? Нема потреба да предизвикувате напад на нервоза кај детето поради бојата на чорапите што вие сакате да ја носи;

* Кажувајте му добри работи, за да направи нешто што вие сакате. Децата постојано ве искушуваат вас и ограничувањата што ги имате поставено, и ако се слушате себеси, веројатно, ќе забелешите дека во поголем дел од денот велите “не”. 

* Планирајте како да го поминете денот за на детето да не му биде здодевно и обидете се да излегувате надвор барем еднаш дневно. Направете  план за дождливите денови со активности што ќе му бидат интересни на вашето дете. Ако однапред размислите кои состојби се тешки за детето – одење в продавница кога е изморено или разделбата со некое другарче- ќе морате да ги избегнувате или ќе бидете подготвени да се соочите со нив. 

 

Prevzemeno od “Jognson&Johnson, Naslov na kniga- Majka i dete, Strucen sorabotnik Dr. Kerol Kuper MA, MB, BChir, MRCP, str. 128,129.