ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Како да се справиме со малолетничка деликвенција? Ни пишува М-р Милена Урдаревиќ Цуциќ (магистер по социјална работа)
    Како да се справиме со малолетничка деликвенција? Ни пишува М-р Милена Урдаревиќ Цуциќ (магистер по социјална работа)

    Како да се справиме со малолетничка деликвенција? Ни пишува М-р Милена Урдаревиќ Цуциќ (магистер по социјална работа)

     КАКО ДА СЕ СПРАВИМЕ СО МАЛОЛЕТНИЧКАТА ДЕЛИКВЕНЦИЈА?

     Малолетничката деликвенција, како дел од општиот криминал, најчесто се дефинира како негативно и неприфатливо однесување на малолетните лица кое се изразува низ конкретни инкриминирани дејствија на тие лица со кои ги пречекоруваат општествените стандарди, вредности и норми на однесување. Малолетничката деликвенција, за жал, е во подем. Се помалку време сите имаат да го следат развојот на младите. Кога е јасно дека потклекнале на искушенијата, тешко се ресоцијализираат и делата често се повторуваат.

    Меѓутоа најчести термини се малолетничката деликвенција и воспшитната запуштеност. За воспитната запуштеност се смета дека во суштина претставува само лишување на младите од воспитно делување и грижење за нив, односно отсуство на свесно планско и целисходно влијание на нивниот развој и формирање со терминот на малолетничката деликвенција најчесто се употербува за означување на најтешкиот степен на воспитна запуштеност.

    Причини за појава на малолетничка деликвенција

    1. Општествено –економската криза во Државата 

    Осиромашувањето на општеството ,невработеноста, оневозможувањето да се задоволат основните потреби на граѓаните, одредени воени состојби во Државата, прилив на избеглици, миграции и др.  се причини кои доведуваат до зголемување на социопатолошките појави, асоцијалното и криминогеното однесување на младите .

    2. Семејството

    Преставува микро група преку кое во системот на општествената  структура се остварува  социјализација и формирање на личноста. Во современото општество семејство е соочено со поинтензивно слабеење на својата основна функција, а нејзиното делување  може да  влијае негативно на развојот на личноста  доколку се:

    –     пореметени семејните односи,

    презафатеност на родителите со бизнис или престој во странство

    –    има конфликти, агресија,

    –    дојде до развод на брак,

    –    се случи смрт на родител или член на семејство,

    –    присатен е алкохолизам,

    –    наркоманија,

    –    секаков вид на насилство

    –    запоставување или занемарување на децата ( глад, нехигијена,) и сл.

    –    неповолните материјални услови во семејството,  неможноста да се задоволат секојдневните, како и зголемените потреби на

    –    младите, влијаат тие лесно и брзо да се вклучат во криминалните активности.

    Семејството како природна средина за развој на децата треба да им овозможи заштита помош и атмосвера на среќа љубов и благосостојба.

     

    3. Карактеристики на личноста:

    –   тешкотии во емоционално и социјално созревање, преживеани стресови,  недостаток на самопочитта, негативна идентификација ( искривен модел ), негативно влијание на врсници и сл., депресија, намалена комуникативност, недоверба кон непознати, желба за доминација, пасивност, ограничени интереси, несигурност, некритичност, недоверливост, садистичко-перверзни стремежи, намалена контрола на полов нагон, отсуство на вина и срам, непочитување на авторитети.

    4. Средина фактор

    Средина-фактор која опфаќа влијанија на средината на малолетникот, лошото друштво, улицата, како и неорганизирано користење на слободното време,т.е. нивно подого и почесто престојување  во просториите за забава и угостителските објекти каде се изложени на голем број негативни влијанија кои допринесуваат за девијантно однесување, на што сме свидетели особено во задно време. Во услови на недоволно воспитување, насочување и укажување на вистинските вредности на човекот, а во отсуство на адекватното ангажирање на младите во слободното време, постојат реални предуслови тие полесно да станат престапници. Влијанието на масс– медиите, е секако за одбележување, истите за комерцијални цели емитуваат ТВ и радио емисии од етички аспект со штетни содржини за младите.Исто така недоволната ангажираност на училиштата и другите воспитно образовни институции, т.е. запоставената воспитна компонента е битен фактор кој секако има свој допринос во зголемувањето на асоцијалното однесување на младите.

     

     

    Мерки за заштита превземени од страна на МВР

    Во интерес на унапредување на службата во мај 2003 г. во МВР КП СОК формирано е Одделение за малолетничка деликвенција и социопатолошки појави во рамките на кое ке функционираат три негови отсеци :

    РЕПРЕСИВЕН, ПРЕВЕНТИВЕН И ЕДУКАТИВЕН, истите ќе функционираат одделно но ќе се надополнуваат и ќе бидат во тесна меѓусобна корелација.

     

     

    ОТСЕКОТ ЗА РЕПРЕСИЈА 

    Би ги третирал малолетниците во судир со законот. Тој би ја остварувал репресивната функција на МВР и би бил носител на сите активности во Службата во однос на малолетничката деликвенција и социопатолошките појави. Од него би произлегле бројни иницијативи, идеи и методологии за намалување на малолетничката деликвенција, како и нови можности за разрешување на случаи, водење на разговори со кривично одговорни малолетници. Би биле презентирани начини на следење на активните малолтеници, сторители на кривични дела, состојбите на учеството во нарушувањата на малолетниците на РМ, како и мерки и активности за намалување на истите, како и следењето на социо-патолошките појави што би бил основен делокруг на дејствување на овој отсек.

    ОТСЕКОТ ПРЕВЕНЦИЈА 

    Или превентивно делување т.е. навремено давање на заштита и помош со вршење надзор, развивање на лична одговорност кај децата и малолетниците, организирано делување на воспитно-запуштената категорија деца и ученици и преземање на други мерки со мобилно присуство на најзагрозените места по претходно изготвени планови и конкретна проценка на облици и степен на склоност за деликвентно однесување имајќи ги во предвид личните својства на малолетниците.Отсекот превенција би се бавел со примарна превенција-влијание за ангажирање на заедницата преку програми за намалување на појава на деликвенција, преку МАС-медии, предавање во училишта се со цел да се издигне јавната свест за оваа проблематика.Секундарната превенција-или стратеија со која ќе се намалуваат можностите за појава или рана идентификација на ризички фактори или деца под ризик, како и терцијална превенција-која би опфаќала третман и рехабилитација на регистрирани случаи на деца сторители на кривични дела.Во отсекот превенција би биле третирани малолетници и деца жртви на сексуална злоупотреба и секаков вид на насилство и експлоатација, деца во ризик, како и деца без родители и родителска грижа и деца на кои им претстои опасност од физичко и психичко насилство и сл.Превенцијата во малолетничката деликвенција е една од најбитните активности која не смее да биде запоставена давајќи и предност на репресијата во тековното работење. Превенцијата мора да го завземе вистинското место во нашето секојдневно работење, а таму каде што нема ефекти од превенција ќе настапи репресивното работење во рамките на овластувањата.За превенција на малолетничката деликвенција се застапуваат и правила на ОН за спречување на малолетничка деликвенција (Ријадски правила).Спречувањето на малолетничката деликвенција е суштински дел од спречувањето на криминалот во општеството. Успешното спречување на малолетничката деликвенција бара ангажман на целото општество да обезбеди хармоничен развој на децата и адолесцентите, и пред се почит кон нивната личност.

    Малолетниците треба да имаат активна улога и партнерство во рамките на општеството. Да се стави акцент на превенцијата која овозможува успешна социјализација и интеграција на сите деца и млади преку семејства, заедницата, врсниците, училиштето и сл. Со должна почит кон правилниот личен развој на децата кои треба да се прифаќаат како еднакви партнери во процесот на социјализација и интеграција, треба да се остварува превенција на малолетничката  деликвенција.

     

    ОТСЕКОТ ЕДУКАЦИЈА 

    Би ги следел сите трендови на оваа проблематика и по пат на едукација би ги надополнувал знаењата и умеењата за успешна работа на кадрите вклучувајќи ги новите методи и техники во работењето.

    Би развивал специјални програми за зголемување на чувствителност на општеството и на средината кон малолетничката деликвенција, насилството меѓу младите, како и семејно насилство. Би развивал програми кои ќе им овозможат на семејствата да научат повеќе за родителската улога и обврска во однос на развојот и грижата за деца, како и сугерирање на начини како да се влијае на позитивното развивање на односот родител-дете и сл.

     

    Воспитни мерки кои се изрекуваат против малолетните сторители на кривични дела

    Дисциплински мерки :

    –  укор или упатување во дисциплински центар за малолетници.

    – мерки за засилен надзор од страна на родител, посвоител или    старател, во друго семејство или од страна на социјален орган

    – заводски мерки :упатување во воспитна установа или ВПДом