
Како да се справите со стравот од одвојување
Кога ќе почне да разбира што сте и колку зависи од вас, кај бебето може да се јави вознемиреност кога ќе заминувате. Ова се нарекува страв од одвојување.
Ваквата емоција обично се јавува на возраст од 8 до 10 месеци. Бебето ќе изгледа екстравертно кон мајката, но повлечено со туѓинци. Можно е да плаче кога ве нема, дури и тоа да е на 5 минути. Можно е да се разбуди ноќе и да ве бара.
Стравот од одвојување обично почнува да се намалува околу петнаесетиот месец. Дотогаш, применети ги следниве стратегии за вам и на бебето да ви биде полесно да се справите со овие нови чувства.
1. Успокојте го бебето кога му е страв.
2. Кажете им на туѓинците да зборуваат тивко и да му пристапуваат на бебето бавно.
3. Дајте му преоден предмет на бебето (омилена играчка).
4. Постепено воведувајте нови локации. Ако вашето бебе страда од страв од одвојување, овој период не е идеален за поаѓање во градинка.
Ако сепак морате да го дадете детето во градинка, поминете ги првите неколку денови таму со него. Потоа почнете да заминувате на куси интервали од 5 или 10 минути. Редовно збогувајте се, сосем накусо, за да изградите доверба.