Како да се забавува новороденчето
Многу е пишувано за воспоставување врска со новороденото бебе, но оние, особено на родителите на кои тоа им е прво дете,им изгледаат кревки, нежни и премногу малку за да играат. Но, со новороденчињата, може да се игра според нивните способности.
На бебето ќе биде здодевно ако не комуницирате со него кога тоа е будно, но тоа не треба да биде присилено на комуникација ако тоа е задоволно и смирено и без ваша интервенција. Психолозите истакнуваат дека родителите скокаат со играчка или со песна – веднаш штом детето се буни. Кога е будно, на детето му треба време да се релаксира, да го проучува светот околу себе и да обработува повеќе нови информации што ги добива. Освен галењето, зборување и пеење, постојат неколку други начини за стимулирање на новородените бебиња.
Ставете го вашето бебе во центарот на домашните работи
Имајте на ум дека на децата им е многу интересно со возрасните. Кога бебето е будно, држете го во “јадрото на вашиот живот” во вашиот дом, трошејќи време во дневната соба каде што семејството се собира … Поттикнете ги другите луѓе да разговараат со бебето.
Носете го бебето во вашите раце
Се разбира, не без прекин. Кога тие се во рацете, бебињата гледаат сè околу нив. Најдете удобена носилка или марама, а дел од времето кога е будно носете го детете за да се сретне со светот околу вас. Колку е постаро детето, ќе ви биде полесно да го носите бидејки ќе може само да ја држите главата.
Опкружете го бебето со интересни предмети
Изберете предмети со силни и контрастни бои и држете ги во поглед на окото на вашето бебе, но на безбедно растојание. Можете да ги ротирате предметите така што на бебињата секогаш ќе им бидат нови и интересни. Еден начин да се забавува бебето е да се се промени неговото место на лежење од време на време од едниот крај на собата на другиот.