• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ БЕБЕТО ДОВОЛНО ЦИЦА?
КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ БЕБЕТО ДОВОЛНО ЦИЦА?

КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ БЕБЕТО ДОВОЛНО ЦИЦА?

Како да знаете дали бебето добива доволно млеко?

Ова е најчесто прашање кое го поставуваат младите мајки (првородилки). Да бидеме искрени, тоа што не можеме да видиме колку млеко ќе исцица е многу иритантно! Но не треба со тоа да се оптеретуваме! Ако епредвидено тоа да се знае дојките би ни биле избаждарени со бројки од страна. А не се.

Знаци дека бебето што цица добива доволно храна:

-Прегледувајте ги пелените! Во првите неколку дена бебето може да има само една или две мокри пелени дневно. Потоа бебето треба да има најмалку шест мокри пелени дневно. (мократа пелена е со тежина како да сте ставиле 2 супени лажици вода на сува пелена).

-Вашите гради се помеки после доење, бидејќи бебето ги празни од млекото кое ги стврднува.

-После ранењето, бебето е опуштено и задоволно.

-Откако ќе ја врати својата тежина што ја изгубило после раѓањето , бебето продолжува да се поправа. (повеќето бебиња губат околу 10% од својата тежина по раѓањето, а потоа тоа го враќаат за помалку од 2 недели).

-Во текот на првите шест недели бебето би требало да има бар една столица дневно(често имаат и многу почесто). Столицата треба да биде жолта со боја на сенф негде после петиот ден на раѓањето.

-Покасно не е невообичаено да бебињата кои само цицаат да немаат столица и по неколку дена.

Кои се знаците дека бебето не добива  доволно млеко?

Дали бебето има некој од овие знаци:

– Бебето и понатаму губи на тежина. Бебето има право некое време да стагнира на тежина. Ама ако бебето губи тежина наместо да добива, разговарајте со вашиот лекар.

– Има помалку од шест мокри пелени во текот на 24 часа после пет дена од неговото раѓање.

– Откако ќе поминат пет дена, бебето има мала, темна столица.

– Урината е многу темна, како боја на сок од јаболко.

– Градите не ви се помеки после доењето.

– Ретко слушате голтање додека бебето цица. Потребно е да проверите дали бебето има правилена положба на дојката.