ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Како да знам дали моето бебе добива доволно млеко?
    Како да знам дали моето бебе добива доволно млеко?

    Како да знам дали моето бебе добива доволно млеко?

    На самиот почеток на мајчинството, сосема е нормално да размислуваме за секоја ситница кога здравјето на бебето е во прашање. Една од најчестите грижи на мајките е доењето и дали на бебето му е обезбедено доволна количина на храна.

    Кога ќе започнете со доење, природно сте загрижени дали количината на млеко која ја имате е доволна. Сепак, за да можете да се опуштите и да доите во мир, издвојуваме неколку знаци по кои ќе дознаете дека бебето добива доволно млеко.

    1.Доењето оди сосема едноставно и за вас и за вашето бебе. Брадавиците не ве болат, што значи дека бебето добро ги “фатило”.

    2.Бебето самото се оддалечува од вашите гради. Потполно го задоволило својот апетит, дури и ако побара да јаде после 10 минути.

    3.Бебето е задоволно после јадењето, изгледа добро и добива на тежина после првата недела. Тогаш можете да бидете сигурни дека вашето бебе од млекото добива доволно нутритиенти и калории. Млекото ги содржи сите потребни состојки за бебето иако тие се менуваат. Вашето тело знае што му е потребно на бебето.

    4.Ако бебето извалка пет до осум пелени во текот на 24 часа, тоа е добар показател дека јадело доволно.

    Нормално е да се случи бебето да изгуби малце на тежина во првата недела. Штом доволно јаде, многу брзо ќе ја врати телесната маса.

    Доколку бебето не може убаво да ја фати брадавицата, побарајте помош од стручни лица. Некогаш можете да се консултирате и со другите мајки, да поразговарате за искуствата и да споделувате совети.

    Ако пак вашиот лекар е загрижен и мисли дека бебето не добива доволно на тежина, можете на бебето по доењето да му давате млеко од шише. Продолжете со тоа се додека бебето не научи убаво да цица. Може да биде тешко, но имајте на ум дека нема да трае засекогаш.

    Ако навистина постои сериозен проблем со доењето, понудете му на бебето млечна формула која ќе му одговара.