ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  КАКО ДЕЦАТА ПАМТАТ: НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОМЕНИ СЕ СЛУЧУВААТ ПОСЛЕ ПРВИОТ РОДЕНДЕН
    КАКО ДЕЦАТА ПАМТАТ: НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОМЕНИ СЕ СЛУЧУВААТ ПОСЛЕ ПРВИОТ РОДЕНДЕН

    КАКО ДЕЦАТА ПАМТАТ: НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОМЕНИ СЕ СЛУЧУВААТ ПОСЛЕ ПРВИОТ РОДЕНДЕН

    Најголемите промени во памтењето на децата се случуваат во периодот од 12 до 18 месеци. Сите облици на помнење се присутни и стануваат се понапредни.

    Детето сега е способно да се занимава со различни активности, да се враќа на претходните искуства и да ги комбинира со претходно запомнетите. Сепак, помнењето на детето сеуште не е трајно, па на пример за време на вечерата може да заборави со што си играло пред тоа.

    На оваа возраст бира играчки и игри, а тоа што го прави потполно е функцонално и примерно (на пример ако земе некој сад ќе меша во него со лажица, а ако го земе автомобилчето ќе го вози по подот). Почнува да истражува: бара соодветни облици, ги реди коцките и прави кула, отвара кутии и ормани.

    Сфаќа дека некои игри и активности се поврзани, па ќе тргне да го земе палтото ако му речете дека ќе одите надвор или ќе го чека својот цртан филм кога ќе види дека го уклучувате DVD-to, дури ќе забележи и ако цртаниот не почнува од почеток.

    Двегодишното дете памти и може да се сети и на сложени работи од минатото-на пример, дека го оставило мечето во бањата или дека вчера јадело нешто посебно, но нема да може да се сети на сите детали (на пример дали татко му дошол дома пред или после гледање на цртаниот).

    На оваа возраст тоа сеуште не може да ги користи разните стратегии на паметење. Така, ако прашате деца од различна возраст во која кутија сте го скриле колачето, тригодишното дете нема да ја испушти од вид кутијата во која видел дека го ставате колачето, додека двегодишното тоа сеуште не може да го примети.