• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Како до здрава исхрана со децата
Како до здрава исхрана со децата

Како до здрава исхрана со децата

Детето треба да јаде се додека не почувствува ситост. Тоа е важно за да може да научи да почувствува и глад, како и да престане да јаде кога желудникот е полн.

Стручните лица препорачуваат 10 совети за вежбање на правилна исхрана на децата дома:

1.Едно е на децата да им се зборува да јадат здраво, а нешто сосема друго е тоа родителите да им го покажат преку сопствен пример. Ако родителите јадат правилно и децата ќе се хранат здраво.

2. Секојдневно домот обезбедете го со свежо овошје и зеленчук.

3.Организирајте ги меѓуоброците секојдневно во исто време затоа што децата сакаат рутина. Нека меѓуоброкот биде барем 2-3 саати пред или после главниот оброк

4.Вклучете ги децата во спремањето на храната.

5.Високите и потешко достапните полици искористете ги за солени грицки и колачиња.

6.Заедничките фамилијарни оброци се многу важни. Денот треба да го започнете со заеднички појадок.

7.Јадете на маса, а никако пред телевизор.

8.Испробајте нови вкусови и нова храна. Децата нешто ќе прифатат, а нешто не и тоа е сосема во ред.

9.Правилото дека треба да се “исчисти” чинијата е непотребно. Детето треба да јаде се додека не почувствува ситост, затоа што тоа е важно за да научи и да почувствува и глад и да престане да јаде кога желудникот е полн.

10.Храната е уживање и фамилијарните оброци треба да бидат пријатни за сите. Треба да одвоите доволно време за фамилијарните оброци. Тешките теми и несогласувања оставете ги за подоцна.