Како доењето го менува мозокот на мајката- 5 одлични предности!
Не се грижете, окситоцинот кој се ослободува во текот на доењето ви помага вам полесно да ја преживеете промената која ви се случува.
Додека доите вие со бебето создавате едноставно нераскинлива врска која не личи ниту на една друга во текот на животот, а освен тоа во вашиот мозок се случуваат големи промени.
Остварувањето во мајчинската улога е голема промена за секоја жена. Многу мајки признаваат дека животот во секунда целосно им се променил кога за прв пат го виделе своето бебе. Доколку и вие сте се почуствувале исто, чувството не ве излажало. Во текот на бременоста во мозкот на жената се случуваат разни промени. Тие промени помагаат да чувствуваат страв, анксиозност, заборавање и уште многу други работи.
Но, хормонот окситоцин кој се ослободува при доењето, помага полесно да ги поднесете промените. Сите тие промени во вашиот мозок можат да ве припремат на најубавата улога, а воедно и најтешката, а тоа е-мајка.
Доењето е многу повеќе од хранење на бебето. Тоа е врска помеѓу вас и бебето. Кога доите се поврзувате со вашето бебе на посебен начин на кој никогаш до тогаш со никој не сте се поврзале.
Ова се големите промени во вашиот мозок:
Ќе бидете под помал стрес
Додека доите се солободува како што веќе споменавме хормонот окситоцин кој се нарекува и хоромон на среќа, а кој го намалува нивото на хоромонот на стрес во крвта. Во една студија учествувале 10 мајки кои доеле и 10 кои не доеле. Научниците откриле дека мајките кои доеле биле под помал стрес. Уште една студија покажала дека мајките, независно дали доеле или само го држеле бебето во рака, не чувствувале стрес.
Нема да чувствувате страв
Амигдала е дел од мозкот кој е одговорен за исполнување и доживување на емоциите, а се нарекува уште и центар за страв. Истражувањата покажуваат дека окситоционот го намалува активирањето на амигдалата, што значи дека помага при намалување на вознемиреност. Блокирано е чувството на страв и прави мајката будно да внимава на своите деца и во случај на опасност не паничат. Ова би можело да биде добра вест за мајките кои дојат.
Ќе ви ги подобри социјалните и емоционалните вештини
Утврдено е дека окситоционот ги подобрува социјалните вештини, а посебно е одговорен за памтење на среќните моменти и лица. Благодарерние на неговото лачење ќе бидете отворени према луѓето и ќе бидете и попозитивни.
Ќе бидете осетливи на бебешкиот плач
Истражувањата докажале дека мозокот на мајките кои дојат активираат седум полиња кога бебето плаче. Ова им помага на мајките да дојдат до подобро разбирање на своето бебе и нејзините моментални чувства, па со самото тоа да одговорат и реагираат на прав начин.
Го подобруваат памтењето
Доколку порано ви се случувало да не знаете каде сте ги оставиле работите, во текот на периодот на доењето нема да имате такви проблеми. Докажано е дека окцитоцинот го подобрува памтењето, па веројатно затоа ќе се сеќавате на сите можни моменти поминати со бебето.