Како мајката комуницира со бебето, а како таткото?
Се знае дека мама и тато имаат многу поинаков пристап кон децата и воспитувањето. Исто така, девојчињата и момчињата покажуваат значителни разлики од мали нозе. Додека момчињата се постабилни на нозете, девојчињата се поголеми зборливки.
Девојчињата речиси секогаш прозборуваат пред момчињата. Тоа е сосема нормално, ова е нивниот развој со генерации и ќе биде тешко кој било родител да го промени.
Докажано е дека бебињата обично зборуваат малку порано ако нивните родители многу зборуваат. И има разлика во комуникацијата меѓу мама и тато со детето. Татковците отсекогаш биле повеќе заинтересирани да играат и да комуницираат со своите раце отколку за читање на приказна, додека мама неуморно ќе му гугука на своето малечко се додека не го чујат посакуваниот збор.
Една студија спроведена на 33 бебиња, кога имаат само еден месец, беше повторено кога истите тие бебиња беа седум месеци и потврди дека мајките почесто комуницираат со своите ќерки, додека мажите почесто зборуваат со своите синови. Сепак, мајките речиси 90 проценти од времето разговараат со детето додека е будно, додека татковците тоа го прават само 30 проценти од времето.