ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  КАКО НА БЕБЕТО ДА МУ ДАДАМ ЛЕК
    КАКО НА БЕБЕТО ДА МУ ДАДАМ ЛЕК

    КАКО НА БЕБЕТО ДА МУ ДАДАМ ЛЕК

    Совети како брзо и едноставно на детето да му дадете сируп на база на парацетамол и ибурофен или антибиотик

    Од 2-6 месеци

    Лулање во прегратка

    Пробувате на бебето да му дадете лек, но невозможно е, особено ако немате помош од страна. Но ако детето го земете во прегратка, нежно го лулате и со тоа му пренесувате порака дека е сигурно и безбедно, се ќе биде многу полесно. Кога бебето ќе се смири и ќе престане да прета со нозете и рацете, што ќе ви ја олесни работата, земете го лекот, лулајте го детето во скут, со едната рака цврсто држете го а со другата дадете му лек во уста.

    6+ месеци

    Ладно лижавче

    Ако на бебето треба да му дадете антибиотик, кој нема пријатен вкус, прво дајте му да цуца некое здраво лижавче кое стоело во ладилник. Од ладното устата на бебето ќе утрне, па нема да го почувствува лошиот вкус. Водете сметка лекот никогаш да не го ставате во шишенце со други течности бидејќи нема да знаете која доза детето ја внело во организмот. Исто така, лекот немојте да го нудите додека бебето лежи, затоа што може да дојде до гушење.

    0+ месеци

    Ладно е подобро

    Чувајте го лекот во ладилник еден час пред да му го дадете на бебето, од ладното ќе му се смени вкусот и детето полесно ќе го проголта. Сепак, бидете внимателни, затоа што не треба сите лекови да се чуваат во ладилник, температурата може да влијае на нивното дејство. Затоа најдобро е претходно да се посоветувате со фармацевтот. Секогаш водете сметка за дозирањето на лекот, тоа кое го препишал лекарот. Немојте да му давате поголема доза и чувајте го лекот подалеку од децата.

    0+ месеци

    Дозер

    Дури и ако е детето доволно големо да може да се користи лажиче, употребете го дозерот за давање лек. Наместете го до внатрешниот дел од образот и полека испуштајте ја содржината. Немојте нагло да притиснете, надевајќи се дека така побрзо ќе ја завршите работата, затоа што детето може да се згрцне. Ако се прашувате кој облик на лек е најдобар за малите деца, треба да знаете дека тоа е сирупот, кој може да се стави во едноставен дозер или шприц (без игла). На бебињата не им се дава лек во облик на таблети, дури ни иситнети во прав.

    0-4 месеци

    Дување

    Ако бебето го држи лекот во уста и не сака да го проголта, пробајте со дозерот да му го ставите во уста, а потоа нежно дувнете му во лице. Природниот рефлекс ќе го натера бебето да ја проголта содржината во устата која инстинктивно ќе ја отвори. Повторувајте ја постапката додека бебете не ја земе препишаната доза. Ако се случи детето да ја исплука или да ја поврати дозата од лекот во рок од десет минути дајте му повторно.

    Меѓутоа, ако поврати после 20 минути, немојте повторно да му давате лек. Во тој случај најдобро е да се консултирате со лекар што треба да направите.

    6+ месеци

    Главата горе

    Ставете го бебето во висока столица за хранење и над главата ставете и шарена, звучна играчка која со раката ќе ја движите. Додека детето гледа во играчката со дигната глава, искористете го моментот и со дозерот ставете му го лекот во уста. Потоа нежно протријте го со рака по вратот и грбчето за да му го олесните голтањето.

    Ако немате звучна играчка, вниманието на бебето може да му го одвлечете на некој друг начин. Пуштете цртани филмови, пејте му некоја омилена песна, па кога ќе се смири-дајте му го лекот. Некогаш мајките мораат да бидат и Мери Попинс!

    3+ месеци

    Цуцла за дозирање на лекот

    На пазарот постои и цуцла во облик на дозер во која се става лекот и бебето може да го исцициа. Ова е многу практично решение за сите деца кои одбиваат да внесат било што што не излегува од брадавицата на дојката на мајката или од цуцлата на шишето.

    0+ месеци

    Паметна лажица

    Ако не ви оди од рака, на бебето да му дадете лек со шприц, пробајте со капалка или лажиче. Специјално дозирани лажички со длабок зафат и нелизгачки, шупливи рачки во кои се става течност е идеално решение за самосталните бебиња кои сакаат се да прават сами. Тие се практични и за ноќно давање на лек.

    Напомените во врска со возраста се однесуваат исклучиво на начинот на давање, а со лекарот и фармацевтот треба да проверите од која возраст бебето смее да користи одреден лек.

    Капки за очи

    А како да се стават капки во очи? Со помош на палецот и показалецот широко отворете му го окото. Пред тоа добро измијте ги рацете (можете да се послужите со стерилна мека газа). Со капалката ставете во внатрешниот агол на окото па капнете ја пропишаната доза. Окото на бебето држете го отворено се додека течноста не се разлие преку целото очно јаболче.