• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Како на бебето да му се дадат лекови
Како на бебето да му се дадат лекови

Како на бебето да му се дадат лекови

Совети што треба да се направи ако бебето

одбива да го прими лекот…

 

Како на моето бебе да му дадам лекови?

За почеток припремете се (шприц или лажичка), измерете ја количината на лекот, но избегнувајте тоа да го правите пред детето. Потоа малку поиграјте си со детето, за да го опуштите.

Ако имате некој кој може да ви помогне, нека го земе бебето во скут и нека проба да му го одвлече вниманието, а вие ставете му го шприцот во уста од страна и полека исшприцајте го лекот помеѓу образот и непцето, така најмалку ќе го осети вкусот, а и помали се шансите да го исплука.

Ако немате никој да ви помогне бебето замотајте го во ќебе или пешкир, бидејќи така помалку ќе се противи. На крај дадете му да цица или ставете му цуцла.

Што да се прави ако бебето не сака да го земе лекот?

Избегнувајте да го користите лажичето кое се користи за јадење за давање на лекот

Ако бебето плаче и вреска кога треба да го испие лекот пробајте да се послужите со некои трикови за да го расположите.

Пробајте на некој начин да му го одвлечете вниманието, пејте му песна, читајте, гледајте цртан филм, а кога малку ќе се смири брзо исшприцајте му го лекот, а потоа дадете му да цица или шишенце со малку вода/чај.

Ако не ви оди од рака да му го исшприцате сирупот во уста, пробајте со капалка полека да капете од сирупот, или дадете му со лажичка. Како последна варијанта нека ви биде чиста цуцлата, ама тоа само кога давате прашок кој треба да се раствори во вода.

Што да се прави ако бебето го исплука или го поврати лекот?

Ако вашето бебе го исплука, како вие ќе процените, целата доза, ако ја поврати одма, или во рок од 5-10 минути, повторно на бебето дадете му цела доза од лекот. Во случај да поврати после 20 минути, не треба повторно да му се даде лек, но треба да се види која е причината за повраќањето, па најдобро е да се појде кај лекар на консултација.

Дали треба да се консултира лекар секој пат пред да му се даде лек на бебето?

Дозата на лекот се менува во зависност од тежината на бебето и лекарот ќе препише точна количина која е потребна за бебето. Тој ќе ви каже и кога, поточно на колку саати треба бебето да прима лек и треба строго да се придржувате кон тоа.

Прочитајте го и упатството на кутијата, и ако нешто не ви е јасно прашајте фармацевт или педијатар да ви ги разјасни работите.

Што никогаш не треба да правиш додека му даваш на бебето лекови?

Никогаш немојте на детето да му ставате лек во шишенце или да му го давате додека лежи, бидејќи може да дојде до гушење.

Никогаш немојте да му давате повеќе лек од што е пропишано, и држете го лекот некаде каде што нема да му биде достапно на детето.

Никогаш немојте да му давате лек кој е препишан на некое друго дете или на возрасен.

Ако на детето порано му бил препишан лек кој не му одговара, избегнувајте повторно да го користите.

Ако детето има висока температура немојте да му давате повеќе лекови одеднаш. За почеток спуштете му ја температурата со сируп и често туширање. Кога температурата ќе се спушти, можете да му го дадете лекот кој му го препишал лекарот.

Дали детето може да добие алергија на лекови?

Може. Мачнина, повраќање, дијареа, исипување по кожата и отоци, може да бидат реакциите после земање на лекот.

Дали на детето е подобро да му се даде лекови во цврста или во течна состојба?

За мали деца најприфатливи се лекови во облик на сируп и прашок, кои е најдобро да се стават во шприц (без игла), на бебињата и на малите деца не треба да им се дава лек во облик на таблети, дури ни ако се раздробат.

На што треба да се обрне внимание?

Многу е важно лекарот да ви ги даде следните информации когa ќе ви препише лек:

Колку пати на ден да се зема лекот?

Која количина лек да се зема?

Колку дена треба да се зема лекот, дури и ако детето е подобро?

Дали треба детето да се буди во текот на ноќта?

Дали постојат некои контраиндикации и кои?