Како настанал велигденскиот зајко?
Исто како што дедо мраз го симболизира Божик, така Велигденскиот зајко со кошница полна со разнобојни јајца, нè потсетува на Велигден.
Оригиналниот Велигденски зајко најверојатно е поврзан со паганскиот фестивал на рамноденица, кој некогаш му претходел на Велигден. Саксонците го посветија месецот април на прославата на нивната божица на пролетта и плодноста, која, не случајно, се вика Истер. Светото животно на Истер е зајак, бидејќи ова животно е еден од најчестите симболи на плодност и преродба.
Обоените јајца кои го носи денешниот Велигденски зајкоимаат уште повеќе античко потекло. Јајцата веќе долго време се поврзуваат со плодноста и пролетерските фестивали – толку долго, всушност, што не можс прецизно да се одредат корените на овие обичаи. Античките Грци и Римјани ги користеле јајцата на фестивалите кога ги славеле нивните воскреснати богови. Јајцето е исто така истакнато во ритуалите на еврејските празници, и кај оваа нација пржени јајца и денес го имаат своето место на празничната трпеза, како важен симбол на пролет и преродба.
Научниците веруваат дека спојувањето на зајаците и јајца за Велигденските празници може да има пагански корени од почетокот на новата ера. За време на пролетта, кога денот и ноќта се со иста должина, зајакот беше идентификуван со божицата на Месечината, а јајцето со богот на Сонцето. Со спојување на овие два симболи, нешто како Јин и Јанг . Следниот историски запис за зајак и јајца се појавува во почетокот на 16 век во Германија. Таму, децата со нетрпение го чекаа доаѓањето на “Oschter Haws-a”, зајак кој на велигденското утро положува фарбани јајца. Овој германски обичај е префрлен во Америка од почетокот на деветнаесеттиот век, најверојатно придружуван од германски имигранти, од кои многумина се населиле во Пенсилванија. Во светот во изминатите 200 години, “Oschter Haws-a”, “Easter Bunny“”станаа најголем комерцијален симбол на Велигден.