Како настанува мајчиното млеко?
Создавањето на млеко во мајчината дојка е еден неверојатен процес. Почетокот на настанувањето на мајчиното млеко зависи од доењето на вашето бебе. Преку цицањето на бебето, се надразнуваат нервни завршетоци на брадавиците и ареолите. На тој начин се активира механизам кој произведува млеко од каналот.
Млекото се создава под влијание на два хормони, пролактин и окситоцин. Пролактинот поттикнува производство на млеко во млечните жлезди додека окситоцинот предизвикува благо грчење на ткивото околу млечните жлезди со што се стимулира проток на млеко низ дојката.
Процесот на млекото зависи од понудата и потрошувачката. Колку бебето цица, толку ќе има и млеко. Затоа бебињата на почетокот цицаат почесто со што мајката создава повеќе млеко за на крај да се воспостави рамнотежа помеѓу понудата и потрошувачката, а бебето добива млеко толку колку што му треба.
Многу е важно мајката да знае дека големината на дојката нема врска со количината на млеко
Колку побрзо бебето почне да дои по раѓањето, толку брзо и млекото ќе почне да надоаѓа.