ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Како правилно да го држиме бебето
    Како правилно да го држиме бебето

    Како правилно да го држиме бебето

    Во најраниот период, во првите три месеци од животот, кога бебето не е способно  само да ја се држи главата, потребно е главата и вратот да се потпираат на рацете на лицето кое го држи. Притоа газето е во другата рака и цело тело во хоризонтална положба, додека рацете и нозете се слободни во спонтаните активности што ги има. На овој начин бебето се држи цврсто и во таа положба се зема од креветот и се спушта во него, а исто така и при бањање.

     

    Држење при доење

    Телото на детето е свртено на бочна страна, стомакот му е свртен кон мајката, а главата се наоѓа во вдлабувањето на мајчината рака (удбување на лакот). Брадавичката на дојката се наоѓа во висина на детските усни, со што се избегнува поместување на главата за да детето ја прифати.

     

    После јадење

    Најправилна позиција во која ќе биде полесно да подригне новороденчето е да се подигне со придржување, а неговата глава се поставува на мајчинското рамо, со мала масажа по грбот.

     

    За време на бањање

    Пред сè, треба да загреете простор во кој ќе го капете и преоблекувате детето. Температурата треба да биде околу 24 степени. Откако ќе ја наполните кадичката со вода, проверете ја температурата на водата која мора да биде околу 37 степени. Тогаш може да започне со капење, и да го придржувате детето со едната рака под пазувите со главата навалена на вашата подлактица, додека со другата рака може да го капете.

     

    Положба за бебе од шест месеци

    Кога бебето ќе наполни шест месеци, може да се носи во хоризонтална положба, што е посебно препорачливо за деца кои не спијат на стомакот. Со едената рака, држете го бебето за стомакот , а со другата под рамото, така што рацете на детето и нозете се целосно слободни. Носење на бебето на кук често пати го практикуваат мајки кои се во домот со детето сами, кое е на возраст од шест до 12 месеци и веќе делумно дел од денот поминува будно, а повеќе нема да сака да биде само. Оваа положба одговара за мајките, но не и на бебињата, бидејќи едната рака им е зад грб на оној кој го држи и поради тоа помалку му е во функција. Затоа, немојте често да го користите овој став.

    После 9 месеци месеци бебето може дури да вежба додека го носите. Со еден рака држете го стомакот на детето , а со другата исправувајте ги колената. На тој начин се зголемуваат назадните мускули на малите деца.

     

    Не претерувајте со носење!

    Кога бебето плаче, мама и тато не го пуштаат од рака. Носењето е во ред, затоа што на тој начин развивате меѓусебна поврзаност, но не треба да претерате. Бебето е неопходно да ги движи само рацете и нозете , што не може, ако постојано го носите. Друга лоша последица на прерано и предолго носење во исправена позиција е преоптоварување на мускулите на нозете на бебето што доведува до неправилен положба на кичмата.