• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Како правилно да го наместам бебето за доењe?
Како правилно да го наместам бебето за доењe?

Како правилно да го наместам бебето за доењe?

Која е правилната положба за доење?

Земете го бебето во вашите раце и свртете го со главата према страната- градата од која треба да дои. Неговото тело наместете го под вашите гради. Главата, вратот и горниот дел подигнете ги со помош на вашиот лакт. Образите на бебето и брадата треба да ја допираат вашата града.Добро е ако капнете неколку капки од колострумот на бебешката уста со цел да го заинтересира бебето за цицање. Кога бебето ќе го почувствува колострумот, инстинктивно ќе го намести главчето ќе ја отвори устата и ќе ја фати убаво вашата брадавица за да цица.

Со цел да се стимулираат жлездите и млекото, потребно е додека бебето да цица да ја фати цел долен и горен дел од ареола во устата, а не само брадавицата. 

Доколку вашите гради се прилично големи или пак вашето бебе е премало, можете да му олесните со тоа што со помош на вашите прсти ќе притиснете нежно околу брадавицата со цел вашето бебе да не мора широко да ја отвори устата. 

cicanje, babyshop. babyshopmk

Како да знам дали бебето добро ја има фатено брадавицата и дали голта млеко?

Доколку почуствувате дека бебето влече и како вашето млеко доаѓа, тоа е знак дека бебето добро ја има фатено брадавицата. 

Така што, доколку брадата на бебето ритмички се поместува, а од време на време слушате и како бебето зема воздух, значи дека сте успеале. 

babyshop, babyshopmk, cicanje, doenje