ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Како прегратките влијаат на здравјето на бебето?
    Како прегратките влијаат на здравјето на бебето?

    Како прегратките влијаат на здравјето на бебето?

    Мајки и татковци, гушкајте ги бебињата уште од првиот ден, затоа што така подобро ќе се развиваат и ќе бидат поздрави.

    Нежноста и љубовта им е потребна на бебињата исто колку што им е потребен сонот и храната. Стручните лица се сложуваат дека бебињата кои мајката и таткото често ги гушкаат се развиваат подобро, а науката дава и објаснување зошто е тоа така.

    Во текот на најраниот период од развојот, на бебето влијаат бројни надворешни фактори. Од тоа како се храни па преку тоа дали има доволно сон, хигиена и грижа, па се до количината на нежност која ја добиваат од мајката и таткото. На развојот на мозокот особено влијаат прегратките, докажа научната студија спроведена во Националната детска болница во Охајо, во која учествуваа 125 бебиња.

    Гушкањето го потпомага развојот на мозокот кај бебето

    Со гушкање бебето добива чувство на сигурност, благодарение на што се развива оптимизам и самопочитување. Освен тоа, се ослободува окситоцин – хормон на љубовта и среќата кој позитивно делува и на јакнењето на имуниот систем.

    Бидејќи чувството за допир е првото кое се развива додека бебето е уште во стомакот, не е чудно тоа што допирот за бебето може да биде толку делотворен. Прегратките и допирите уште од првите денови од животот на бебето трајно го подобруваат развојот на бебешкиот мозок, перцепцијата, како и когнитивните способности, па бебињата како растат стануваат попаметни.

    Освен тоа, бебињата не умеат да ги регулираат своите емоции, поради што и плачат барајќи физички контакт кој ги смирува. Доколку не  добијат доволно гушкање и допир – нивното тело почнува да ослободува кортизол – стрес хормон, кој негативно влијае на имунитетот, памтењето, вербалните способности и слично, а може да доведе и до депресија во подоцнежниот период од животот.

    Лековит контакт кожа на кожа

    Веднаш по раѓањето на бебето му е потребен контакт кожа на кожа со мајката. Тој прв допир ја стабилизира работата на бебешкото срце, телесната температура и дишењето. Чувството на безбедност и сигурност откако ќе го напушти стомакот на мајката за бебето е многу важен па на овој начин најдобро се остварува.

    Како во првите денови и месеци, така и во подоцнежниот период – на секое дете му е потребна нежност, приврзаност и љубов. Не се вели случајно – децата растат од љубов!