ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Како родителите да се поставуваат и има ли потреба на детето да му кажете дека е дебело?
    Како родителите да се поставуваат и има ли потреба на детето да му кажете дека е дебело?

    Како родителите да се поставуваат и има ли потреба на детето да му кажете дека е дебело?

    Значи, факт е дека се повеќе и повеќе деца се со прекумерна тежина, и ништо не е различно во светот. Ова ги поттикнало експертите и родителите да дискутираат дали мама и тато треба да интервенираат и да му кажат на детето дека е дебело и ако е така,како најдобро  да се пријде на оваа тема.

     Нутриционистката д-р Џоан Мекмилан предупредува дека живееме во средина каде што е уште потешко за возрасните и децата да ја контролираат нивната тежина.

     “Ние сме опкружени со она што сега се смета за нормално: високо обработена храна, закуски, седење на каучот и гледање телевизија или играње игри, наместо да се занимаваме со некој спорт … Многу е лесно да се претера со тоа”, вели таа.

     Австралискиот советник за родителство д-р Џастин Калсон вели дека мајките и татковците се дел од тој проблем.

     – Кога ќе влезете во дневната соба со просечно семејство навечер, ќе видите дека родителите се “залепени” на екранот или не се активни како што некогаш биле “, вели тој.

     Кога станува збор за справувањето со овој проблем, д-р Калсон верува дека не можете да ги подобрите работите со влошување на нив.

     – Студиите покажуваат дека  една од најлошите работи што можете да направите е да му кажете на детето дека е дебело. Децата на кои им било кажано имале многу поголеми шанси да имаат проблем со вишок килограми 10-15 години подоцна, бидејќи самите почнуваат да веруваат во тоа и  ја прифатќаат дебелината – смета тој.

    Д-р Калсон додава дека е особено тешко за девојките да зборуваат за тежина, бидејќи, научно, тие се повеќе се занимаваат со естетскиот изглед на телото, додека момчињата се фокусираат на тоа што нивното тело може физички да го прави.

     – Поефикасен начин за контрола на телесната тежина е да ги научиме децата да водат активен животен стил. Тие не мора да јадат палачинка секој ден по ручекот, и тие исто така треба да спортуваат и да пешачат по вечерата.

      И корисниците на Фејсбук го дадоа своето мислење за оваа тема, а многумина веруваат дека родителите се виновни за дебелината на децата.

     – Не мора да му кажете на детето дека е дебело, важно е да го поддржите.Бидетеродители и пораснете, децата се премногу заштитени од груба реалност – еден од коментарите на оваа тема.

     Некои веруваат дека нема потреба да  дојде до сето ова, ако родителите од самиот почеток ги учат на навики за здраво дете.

     Нутриционист д-р Макмилан вели дека е навистина важно уште на  почетокот на време  да се научат децата за важноста на здравата исхрана, наместо само да се фокусираме на тежината.

     – Научете ги децата за исхраната, за тоа колку е важно мозокот да функционира добро во училиште, да има енергија за она што го сакаат во текот на денот. Затоа ставете акцент на здравјето –  советува таа.

     Покрај тоа, таа вели дека, како родител, никогаш не треба да зборувате за вашето тело нешто грдо и негативно пред детето, бидејќи може да создаде негативни асоцијации за храна.

     Двајцата експерти се согласуваат дека најдобро е да се избегне разговорот за физичкиот изглед во овој контекст до максимум и да се нагласи дека здравата исхрана и физичката активност се важни за здравјето, академскиот успех и енергијата.