ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Како сами да го ишишате своето дете: Едноставно упатство за шишање на кратка, средна и долга коса
    Како сами да го ишишате своето дете: Едноставно упатство за шишање на кратка

    Како сами да го ишишате своето дете: Едноставно упатство за шишање на кратка, средна и долга коса

    Доколку вашето дете секој пат преживува стрес кога оди на фризер или пак едноставно сакате да заштедите пари, еве неколку совети како сами да ја ишишате косата на вашето девојче и момче.

    Ако планирате да го носите детето на шишање а му треба само кратење на краевите, пробајте сами да го ишишате и заштедите пари.
    Пратете ги овие упатства за шишање.
    Упатство за шишање на средна и долга коса
    Поделете ја косата
    Користете четка со што би ја поделиле косата на горен и долен дел на следниот начин:
    Соберете ја косата со тоа што ќе направите мали хоризонтални прамени од предниот дел на косата која го опфаќа делот од слепоочницата до увото и со шнола прицврстете на врвот на главата.
    Така направете повеќе хоризонталнин прамени.
    Косата на врвот на главата припаѓа на горниот дел, а преостанатион (долен) дел од косата поделете го на два дела (лева и десна).
    Исечете го долниот дел од косата, добро исчешлајте и поделете на десен и лев дел.
    Прво скратете го десниот дел. Ставете прамен коса помеѓу показалезот и средниот прст и исечете половина од должината која сакате да ја скратите. На пример ако сакате да ја скратите косата 3cm, овој дел од косата скратете го 1.5cm.
    Прејдете на левиот дел од косата а овој пат десниот дел кој е веќе скратен нека ви послужи како мерка колку треба да се исече.
    Сега прејдете на прамените (оние кои сте ги прицврстиле со шноли). Спуштете еден по еден прамен и сечете онолку колку што треба со што би се изедначила должината со веќе исечениот долен дел.
    Исечете го предниот дел од косата
    Спуштете го горниот дел од косата. Поделете ја косата со што ќе направите бочни делови со кои прво ќе работие. Секој бочен дел е дел кој се наоѓа околу 2cm над ушите и ја вклучува цела коса која е под таа точка.
    Остатокот од косата подигнете го нагоре со шнола а делот што е доле оставете го.
    Прво скратете го десниот дел па потоа левиот користејќи ја должинара која веќе сте ја исекле како мера.
    Сега спуштете ја косата која сте ја подигнале и скратете ја со што би се поклопила со должината на исечениот преден дел.
    Како да се ишиша кратка коса
    Поделете ја косата на делови
    Користете четка со што ќе ја поделите косата и ќе го направите горниот и долниот дел.
    Горниот дел формирајте така што ќе направите правоаголник од коса која е од слепоочнинцата до теменот, оставајќи ја косата над увото да паѓа од двете страни.
    Преостанатиот дел од косата, односно долниот дел, поделете го на четири еднакви делови кои ќе ги прицврстите со ластиче или шнола.
    Скратете го прво горниот дел
    Горниот дел на косата пуштете да паѓа, а потоа кренета од лева на десна страна и прамен до прамен фатете ги со тенок чешал. Скратете го секој прамен околу половина сантиметар.
    Скратете го долниот дел на косата
    Одврзете еден од четирите дела на косата и скратете го со тоа што ќе го користите горниот дел од косата. Тоа повторете го со останатите три дела.
    Завршете со тоа што над ушите поделете на неколку помали хоризонтални делови. Секое скратете го околу пола сантиметар.